05 Декември, 2025
0.0362

Нови 870 фирми го вовеле системот е-данок

Објавено во: Економија 01 Јануари, 2013 18:22

Добивај вести на Viber

Уште 870 фирми доставиле пријава до Управата за јавни приходи пред истекот на рокот (31 декември) за пријавување за електронско доставување пријави за даноци. Веќе од 1 јануари Управата за јавни приходи најавија дека сите месечни ДДВ обврзници, ДДВ пријавите и даночните биланси за данокот на добивка задолжително ќе мора да ги пријавуваат до УЈП по електронски пат преку системот е- даноци. Овој систем први ќе почнат да го применуваат месечните даночни обврзници, додека за тримесечните примената ќе стартува од јули идната година. За останатите даночни обврзници, засега, оваа обврска ќе биде доброволна. Казната за неподнесување на даночна пријава во законски предвидениот рок достигнува и до 3.500 евра. Во УЈП уверуваат дека бизнисмените ќе имаат бенефит од оваа новина, затоа што услугата овозможува 24-часовен пристап до системот, намалување на административните трошоци, намалување на грешките при пополнување на формуларите и автоматско потсетување на даночниот обврзник за крајниот рок.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?