НОВО НЕВРЕМЕ ВО ГРЦИЈА: Бурата „Илиас“ ги погоди Атика и централниот дел од земјата
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2023
Атика и значителен дел од централна Грција беа зафатени од силно невреме, интензивна активност на молњи и поплавени улици рано утрово. Неповолниот временски систем наречен Илиас го зафаќа целиот регион, и се очекува да трае два дена. Иако би требало утре да заврши невремето, сепак, има голема загриженост меѓу граѓаните, пишува „Екатимерини.гр“.
Надлежните силно ги советуваат граѓаните да избегнуваат непотребни патувања. Жителите и официјалните лица во Стереа, Западна Грција и Јонските острови се во состојба на зголемена готовност. Во среда затворени ќе останат училиштата во повеќе општини на Пелопонез, Фтиотида и Тесалија, а државната механизација е во зголемена готовност во овие области. Сепак, училиштата во Атика ќе работат вообичаено.
Поконкретно, според специјалниот билтен на Националната метеоролошка служба (EMY), централна и јужна континентална Грција (Тесалија, Стереа и Пелопонез), Споради, Евија и западен Крит може да очекуваат пороен дожд и грмежи во среда. Дополнително, повремени периоди со пороен дожд и грмежи ќе има во западните Киклади, западните и јужните делови на Атика и северниот дел на Егејското Море.
Најзначајни врнежи се очекуваат во префектурите Кардица, источните и јужните делови на Магнезија, Евританија, Фтиотида, Фокида, Виотија, Спорадите и северна Евија.
Во четврток до пладне на одредени места се очекуваат силни врнежи и грмежи, особено во Споради, Магнезија, Евија, Фтиотида и Виотија.
Интензитетот на овие временски појави постепено ќе се намалува.
Преку телефонскиот број за итни случаи 112 доцна во вторникот беше испратена порака до жителите на Атика, со предупредување за можноста од обилни врнежи и локални грмежи во среда и апелирајќи ги да избегнуваат непотребни патувања.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА: Уште еден производ е повлечен од продажба

ИВИЦА ДАЧИЌ: Замолувам да не ни се држат лекции од страна

ГРЧКА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА „НАСМЕВКА НА ДЕТЕТО“ ОБЈАВИ АПЕЛ ЗА ВАЊА: Исчезнатата тинејџерка го мобилизираше Балканот

СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

Србија ја купи наредбата на Хитлер за напад на Кралството Југославија

(ВИДЕО) ЧАДНИ БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ: Ветераните на ОВК се против Специјален суд
