Ново осветлување и нов кров за пазарот во Прилеп
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2013
Распишан е нов тендер за допокривање и осветлување на преостанатиот дел од пазарот кој се наоѓа на површина од 1300 квадратни метри и тоа е дел од пазарот каде се продава текстил, железарија и бижутерија, информираат од општина Прилеп.
Инвестицијата чини 6 милиони денари кои, појаснуваат од општината, ЈКП “Пазари” ги доби врз основа на претходно изготвена програма во форма на субвенции од страна на Локалната самоуправа.„Изработен е основен проект од страна на ЈП за ПУП при Локалната самоуправа. Тендерот треба да заврши при крајот на овој месец, а инвестиционите работи за допокривање на пазарот ќе траат околу 45 дена доколку временските услови бидат поволни за изведување на овие инвестициони активности“, велат од општина Прилеп.
Досегашниот Градскиот пазар имаше покриена со површина од 2500 м2 во делот каде што се продаваат зеленчуковите производи.