Ново партнерство за посилна економија: Стопанската комора и Економскиот институт потпишаа договор за соработка
Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2025 14:34
Стопанската комора на Северна Македонија и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје потпишаа договор за научна, техничка и апликативна соработка, со цел да се постигне подобра поврзаност помеѓу академијата и бизнис-секторот.
Договорот предвидува активности насочени кон планирање, утврдување и развој на работна сила со високо образование во согласност со потребите на бизнисот, организирање обуки, семинари и гостински предавања од страна на бизнис-секторот, консултантски и експертски услуги, заеднички истражувања и економски анализи, како и иницијативи за усогласување со европските политики.
Со договорот се отвора можност и студентите на постдипломски студии да се вклучат во решавање на предизвици на компаниите преку истражувачки и магистерски трудови.
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески на потпишувањето на договорот со директорката на Економскиот институт проф.д-р Искра Станчева-Гигов истакна дека кадровскиот потенцијал на Институтот е добар и очекува долгорочна партнерска соработка.
„Денес успешноста се базира на знаење и тука од клучна важност е соработката помеѓу науката и бизнисот. Важно е да си во чекор со времето. И важно е да се носат одлуки кои се базирани на експертиза заснована на истражувања. Тука ја гледам улогата на науката и на образовните институции“, истакна претседателот на Стопанската комора Азески.
Директорката на Економскиот институт проф. Искра Станчева-Гигов додаде дека денешното потпишување на договорот за соработка претставува значаен чекор кон зајакнување на врските помеѓу академијата и бизнис секторот во земјата.
„Нашата заедничка цел е да го премостиме јазот преку испорака на кадар усогласен со потребите на пазарот, како и преку заеднички истражувања кои ќе даваат брзи и одржливи решенија за актуелните економски предизвици. Овој договор ќе овозможи подобра синергија, иновации и поддршка на економскиот развој на нашата држава“, потенцираше проф.д-р Станчева-Гигов.
Договорот за соработка исто така предвидува и подготовка на заеднички публикации, како и заедничко работење на проекти во областа на конкурентноста, иновациите и извозот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





