НОВО ПРАВИЛО: Во грчките хотели ништо нема да биде исто
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Хотелите во Грција треба да имаат лице одговорно за справување со гости сомнителни на коронавирусот.
Освен тоа, треба да имаат лекар и соработник.
Секој туристички објект треба да има архива со податоците за персоналот и гостите (име и презиме, националност, датум на пристигнување и заминување, телефонски број, мејл и сл) за доколку се појави сомнителен случај, да биде полесно пронаоѓањето на лицата кои биле во контакт.
Мора да се почитуваат и правилата за заштита на личните податоци.
Оние со капацитет од 50 и повеќе соби, потребно е да изработат акционен план и индивидуални протоколи за секој дел од објектот за управување со евентуален позитивен случај, јави дописничката на МИА од Атина.
Предвидена е и обука на персоналот за начинот на пренесување на вирусот, за процесот за информирање на одговорните во хотелот како и гостите, за одржување на основните правила за лична хигиена и слично.
На рецепција, треба да има антисептик за гостите, вработените да држат растојание. Се препорачува да постојат информативни проспекти со основните здравствени упатства на неколку јазици, се препорачува пријавувањето и одјавувањето да биде по електронски пат, а плаќањето со картица.
Хотелите кои работат во текот на целата година ќе се отворат на 1 јуни, а другите туристички објекти на 15 јуни 2020 година.Владата побарала да се направат анализи и за останатите земји во Европа, односно да добијат податоци од балтичките земји, од Германија, Израел, Кипар, како и други земји од поширокиот регион.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.