16 Јануари, 2025
0.0261

Новогодишното украсување на Скопје ќе чини речиси 170 илјади евра

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Градот Скопје ги започна активностите за новогодишно украсување и декорирање по повод новогодишните и божиќните празници. Ќе се украсува дел од плоштадот „Македонија“ каде што не се изведуваат градежни активности, плоштадот „Пела“ и плоштадот „Филип Втори“, а украсувањето ќе чини 169 илјади евра. Освен ова, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и булеварот „Илинден“ до раскрсницата со улицата „Френклин Рузвелт“; просторот пред Владата, улицата „Даме Груев“, булеварот „Партизански одреди“ до раскрсницата со булевар „8 Септември“ и платото пред Универзална сала; улиците „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“, „ВМРО“, „Филип Втори Македонски“, потегот од раскрсницата кај Специјалнатa болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај Т.Ц. „Мавровка“, просторот пред Судската палата и булеварот „Гоце Делчев“ од Т.Ц. „Мавровка“ до Владата. Украсени ќе бидат и Старата чаршија пред националната галерија „Чифте амам“; паркот „Жена борец“, просторот пред црквата „Св. Богородица“; улицата „Македонија“ и булеварот „Климент Охридски“ од Владата до зградата на „Нова Македонија“. Традиционално ќе биде поставена централна новогодишна елка, висока 18 метри, со светлосни и други украсни елементи. Новогодишните декорации ќе ги постават фирмите „Линк Медиа” од Скопје и „Лутарико Дооел-Скопје”. Дополнително, посебни буџети за украсување предвидуваат и скопските општини, кои ќе ги декорираат сообраќајниците низ главниот град.

Можеби ќе ве интересира

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава