Новости: Радоја Звицер, водачот на Кавачкиот клан, има македонски пасош
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2021 12:38
Безбедносните служби од регионот, предводени од српски оперативци , го лоцираа Радоје Звицер, наводниот водач на „Кавачкиот клан“, во една од земјите во Јужна Америка, објави Новости.
Како што дознава „Новости“, тој постојано го менува своето место на живеење, па дури и земјите од овој дел на светот, за да избега од потерата, но полицијата практично му дише во врат.
Информациите се разменуваат дење и ноќе преку националните бироа на Интерпол, по издавањето на меѓународна „црвена потерница“, а во меѓувреме и Црна Гора се вклучи во потрагата по него.
- Тој користи лажни документи за движење низ Латинска Америка, но таму го чуваат и наркобосови - наведува изворот за „Новости“.
- Според информациите што ги имаме, има фалсификувани документи од Северна Македонија, Хрватска и Украина. Без оглед на поврзаноста со картелите за кокаин, неговото апсење е прашање на денови, се вели во гласилото.
Цвицер е, според оперативните информации на европската полиција, еден од главните снабдувачи на кокаин на Стариот континент.
Претходно, во Македонија пред акцијата „Двојник“ опозицвијата во рамки на аферата „Мафија“ објави дека македонски пасоши со лажен идентитет се делеле на припадници на црногорско – српскиот Шкаљарски клан, а беа објавени и две имиња.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




