17 Декември, 2025
0.0409

Новото „фиќо“ не се продава – проблеми за фабриката на Фиат во Крагуевац

Објавено во: Балкан 09 Септември, 2014 10:24

Добивај вести на Viber

Компанијата „Фиат автомобили Србија“ привремено го прекинас производството во фабриката во Крагуевац. Овој месец нема да се работи најмалку пет дена, а работниците ќе останат дома и неколку дена следниот месец. Ова предизвика гласини дека би можело да станува збор за почеток на крајот на заедничката компанија на српската држава и италијанскиот производител на автомобили, формирана во 2008 година. „Причините за привремениот застој се од екстерен карактер и се однесуваат на случувањата на европскиот и светскиот автомобилски пазар, кои се условени од економски параметри и од самата економска криза. Во современото работење, привремено, краткотрајно запирање на производството е еден од вообичаените методи кои успешно се применуваат во ваква ситуација и овозможуваат компанијата набрзо да продолжи со работа“, појаснуваат со официјално соопштение од Фиат. Во соопштението не се наведува колку точно дена ќе трае прекинот во работата овој и следниот месец. Но, информацијата сепак предизвика загриженост во Крагуевац каде во фабриката на Фиат работат околу 3.000 работници и тоа е еден од ретките индустриски капацитети во овој град кој се уште функционира. Затворањето на фабриката би предизвикало проблеми не само за Крагуевац, туку за целата српска економија, во која „Фиат“ е важен инвеститор. Најголемиот извозник од Србија минатата година извезе автомобили во вредност од околу 1,5 милијарди евра, а во првите седум месеци од годинава извозот го зголеми за 10% во однос на истиот период лани. Синдикатот во Фиат автомобили Србија не добилпрецизни информации за причините за прекинот во работата, но се претпоставува дека до запирање на производството дошло заради намален интерес на купувачите за моделот 500-Л (новото „Фиќо“), чие сериско производство започна во 2012 година. Во фабриката во Крагуевац досега неколкупати било прекинато производството, но тоа речиси секогаш било резултат на доцнење на испораката на автомобилски делови од Италија. Договорот на српската држава со Фиат истекува на 31 декември 2018 година, и по овој датум секоја од двете страни може да го понуди својот удел на продажба - српската Влада поседува 33%, а Фиат 67% во компанијата. Вредноста на фабриката во Крагуевац се проценува на околу 1,3 милијарди евра.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни