НУМИЗМАТИЧАР ДО ХРВАТИТЕ – НЕ ГИ МЕНУВАЈТЕ СИТЕ КУНИ: Една специјална монета вреди 3.000 евра
Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2023 13:08
Колкава би била
вредноста на банкнотите и монетите на хрватските куни во иднина. Познатиот
нумизматичар Борна Барац, кој гостуваше во Нови Дан на телевизијата N1, вели
дека иако велат дека куната заминува во историјата, тоа сепак не е така.
„Може да се каже дека куната заминува во историјата, но тоа не е така. За сето ова имаше една многу интересна еуфорија, но не е нова еуфорија. Секој пат кога еврото се воведуваше во некои други земји, имаше еуфорија. Би сакал да упатам едно предупредување до луѓето. Пазарот се создава со години, одредена вредност на сите овие монети ќе се покаже во иднина.
Највредна монета е златникот од 1994 година
Посебно истакна една монета која има голема нумизматичка вредност.
„Пет куни во злато, издадени во 1994 година. Тоа беше јубилејна монета од пет куни и направија само 200 парчиња во злато. Таа монета тогаш чинеше 500 марки. Требаше да вложите 500 марки, а денешниот еквивалент би бил околу 1.000 евра, но денес таа монета вреди околу 3.000 евра, можеби и повеќе.
На прашањето дали вреди да се зачуваат некои примероци, на пример банкнотата од 200 куни, нумизматичарот рече дека секогаш е прашање од каде се добиваат информациите и дека информациите од нејасни места не треба да се сфаќаат сериозно.
„Луѓето мора да знаат дека куните постојат многу долго време. Многу трговци во светот ги купија овие банкноти практично од почетокот на куната. Инаку за да биде вредноста што поголема, монетата мора да биде од првокласен квалитет. Сосема нова, практично под чеканот, не смее да се превиткува. Ако имате такви, чувајте ги“, рече тој.
ФОТО: Хрватска Народна БанкаМожеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




