11 Декември, 2025
0.1794

Нури Бајрами од „Антикорупциска“: Поднесуваме иницијативи за разрешување на директори, не се прифаќаат сите

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2021 17:49

Добивај вести на Viber

Нури Бајрами, членот на Државната комисија за спречување на корупција, вели дека има случаи кога и покрај иницијативите на Антикорупциска ретко кој директор е разрешен.

– Неретко упатуваме иницијативи за разрешување директори или лица што од Владата се  назначени на функции. Такви три иницијативи за утврдено непрописно работење поднесовме до Централниот регистар и тоа до Управниот одбор. Токму тие тела најчесто или одговараат дека нашите наводи не се точни или, пак, не одговараат во рокот од 60 дена, а нема предвидено што понатаму во ваков случај – вели Бајрами за Слободен печат.

Не било издејствувано ниту барањето на ДКСК за Закон за висока раководна служба, со кој би имало конкретни критериуми за именување на членови на надзорните и управните одбори. Ниту Владата им ги прифатила иницијативите за разрешување на дел од директорите.

– Таков беше примерот со директорот на Агенцијата за филм. Ние баравме да се разреши веднаш, но тие решија да го разрешат многу подоцна и тоа не поради причините што ние ги наведовме. Директорите што се спорни ги менуваат единствено за време на реконструкција на Владата, а не ексклузивно по нашите иницијативи во кои укажуваме на неправилности во работата – додава Бајрами.

Во годинашниот извештај на „Транспаренси интернешенл“ Македонија се најде на 111. место, што е историски пад во однос на претходните години.

Од шеесет поднесени иницијативи на новиот состав на ДКСК, постапено е само по 17, а отфрлени се дури 15. 


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

ДЕЛНИЦАТА БУКОЈАЧАНИ - КИЧЕВО ЈА ЗГОЛЕМИ ВРЕДНОСТА НА НОВИТЕ ГРАДБИ: повторно расте интересот за градење

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

Долгот за патиштата што ги градиме надмина милијарда евра

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

СОБРАНИЕТО ЌЕ ВРАБОТУВА НАД 30 ЛИЦА: се бараат соработници, преведувачи, толкувачи за плати кои почнуваат од 32 илјади денари

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

САЕМ, ЖИЧНИЦА ОД БОЛНИЦАТА КОЗЛЕ И НОВ ВЛАДИН АВИОН, БИДЕЈЌИ СТАРИОТ Е КАКО ОДРЖУВАЊЕ НА ОЛД ТАЈМЕР: Томовски со најава

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?

Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?