18 Декември, 2025
0.0534

Нуркачите ја пронајдоа црната кутија од индонезискиот авион

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2015 14:32

Добивај вести на Viber

Индонезиските спасувачки тимови денес ја пронајдоа црната кутија од индонезискиот авион на „Ер Азија“ кој се урна пред две недели при што загинаа 162 лица, соопштиле индонезиски официјални претставници. Три индонезиски брода денеска успеале да го регистрираат сигналот на црната кутија на авионот на „Ер Азија“ во регионот во кој се верува дека е лоциран и трупот на леталото. Според индонезиските претставници, како што пренесува агенцијата Синхуа, сигналот на црната кутија е детектиран на еден километар источно од локацијата на која се верува дека лежи трупот на авионот. Од црната кутија се очекува да бидат најдени податоци кои ќе укажат на причините на падот на авионот. Црната кутија ги бележи главните податоци за летот и може да испраќа сигнал две недели, колку што всушност трае вградената батерија во него. Летот на „Ер Азија“ се урна во море со 162 патници и членови на екипажот кои летаа до Сингапур на 28 декември. До сега нуркачите пронајдоа 48 тела од кои 27 се идентификувани.

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија