18 Декември, 2025
0.0498

Обама бара дозвола за напад на Исламската држава

Објавено во: Свет 11 Февруари, 2015 19:07

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Барак Обама денеска од Конгресот побара формално да употреби воена сила против групата на Исламската држава, со аргументи дека екстремистите може да станат закана за безбедноста на САД, ако им се дозволи да дејствуваат непречено.

Обама на Конгресот му упати писмо и предлог резолуција и ги повика членовите на истиот да му покажат на светот дека успеале во нивната решеност да и се спротивстават на таа закана.

Во писмото на членовите на Конгресот и нацртот на резолуција во три страни во која агенцијата АП имала увид, Обама навел дека Исламската држава „претставува закана за народот и стабилноста на Ирак, Сирија и широкиот Блиски исток и националната безбедност на САД“.

Предлогот на Обама покренува идеолошка дебата за тоа кои овластувања и ограничувања треба претседателот да ги има во борбата против екстремистите. Потврдата на убиствата на 26-годишната хуманитарна активистка Кајла Милер пред упатувањето на резолуцијата дало додатна итност за предлогот на Обама  додека скапите долготрајни војни во Ирак и Авганистан за некои пратеници претставуваат предупредување  дека тоа би можело да биде вложување во уште една продолжена воена кампања.

 Обама предлага ова овластување да се ограничи на три години. Тој предлага да не се воведува географско ограничување за тоа каде американските сили може да трагаат за екстремистите. Овластувањето се однесува на припадниците на Исламската држава како и на лица или сили поврзани со нив, што се дефинираат како личности кои се борат во име или со Исламската држава.

Обама вели дека со оваа резолуција не се одобруваат долготрајните, обемни копнени операции како што се спроведени во минатото во Ирак и Авганистан, со аргумент дека тие борби треба да ги водат локалните сили.

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил