28 Септември, 2024
0.0246

Обама и Абе го имаат клучот за еден од најголемите трговски пактови во светот

Објавено во: Анализа 26 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Средбата меѓу претседателот на САД Барак Обама и јапонскиот премиер Шинзо Абе во Токио, оваа недела може и да не успее да даде почетокот на еден од најголемите трговски пактови во светот , но најверојатно ќе биде пренесен потребниот поттик на преговорите. Основниот елемент на стратегијата на Обама во однос на Азија - Транс- пацифичкото партнерство (Trans - Pacific Partnership - TPP ) , ќе поврзе двоцифрен број на  Азиско-пацифичките економии преку отстранување на бариерите во трговијата и усогласување на прописите во пакт , опфаќајќи 40% од светската економија и една третина од целата глобална трговија. По четири години преговори и пропуштени рокови преговарачите од неколку земји посочуваат дека се надеваат на самитот во четвртокот да се постават темелите за тешки отстапки, вклучувајќи и евентуалното одложување на јапонската протекционистичка позиција во однос на говедското месо, шеќерот, млечните производи и пченицата. Чекор кој може да ја прошири довербата меѓу партнерите во TPP. Белата куќа се надеваше да се финализира договорот уште минатата година, но беше исправен пред несогласувањата меѓу дел од земјите, како што се јапонски увозните давачки на земјоделските производи. Токио кој се бори да ги зачува тарифите за увоз во пет земјоделски категории: ориз, пченица, млечни производи, шеќер и говедско месо и свинско месо. Во меѓувреме Вашингтон бара начини за заштита на американските автомобилопроизводители од јапонските ривали. Експертите гледаат знаци на отстапки , особено од страна на јапонските власти во заштитата на погледот спрема говедското месо , шеќерот, млечните и пченични производи. Едно оптимистичко сценарио оваа недела ќе вклучува и барањето дека се очекуваат конкретни резултати во најскоро време , можеби следниот месец , кога преговарачите ќе се состанат повторно во Виетнам . Висок американски претставник посочи дека самитот веројатно ќе изготви единствена декларација за преминување кон следната фаза со оглед на даденото зелено светло од некои индустриски групи . Истовремено еден неуспех во  преговорите оваа недела  може да го забави амбициозниот пакт, поткопувајќи ја основата на трговската политика на Обама. Договорот меѓу САД и Јапонија е од клучно значење и за другите земји, вклучени во TPP - Австралија, Брунеи, Чиле, Канада, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам. Претставник од светот во развој, кој учествува во преговорите, посочи дека неуспехот на посетата на Обама во Азија може да ја  стави под сериозно прашање и иднината на TPP. "Сите сакаме да бидеме оптимисти за постигнување на договорот. Сепак сè уште постојат важни разлики кои треба да бидат надминати", посочи претставникот. Партнерите немаат официјален краен рок за завршување на преговорите или за напредокот во клучните области. Експертите тврдат дека една отворена временска рамка, е малку веројатно да успее да ја мотивира Јапонија. К.К.