Обама и Оланд разговарале по телефон за грчката должничка криза
Објавено во: Балкан, Економија 29 Јуни, 2015 21:24
Американскиот претседател Барак Обама и неговиот француски колега Франсоа Оланд разговарале во телефонски разговор денеска за грчката должничка криза и изразиле согласност дека е важно да се прифати пакетот реформи, за да се врати Грција кон одржлив раст, соопшти Белата куќа.
„Постигнувањето на оваа цел е во интерес на сите земји и конечно крај на преговорите“, изјавил портпаролот на Белата куќа Џош Ернест. Тој посочил дека САД имаат мала изложеност кон грчкиот долг и дека кризата не е закана за САД и нивниот банкарски систем. САД сметаат дека Грција треба да ги исполни своите обврски, истакнал во исто време Ернест.
Запрашан за најавениот референдум дали да се прифатат барањата на меѓународните кредитори, портпаролот на Белата куќа истакнал дека е во интерес на САД, Европа да остане тесно интегрирана.
Денес Грција ги затвори своите банки, откако преговорите за спасувачкиот план меѓу грчката влада и меѓународните кредитори викендов пропаднаа, а Европската централна банка ја замрзна виталната финансиска помош за грчките банки.
Во Атина вечерва има протест против договорот со Еврозоната.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




