18 Декември, 2025
0.0572

Обама и Путин разговараа за Украина

Објавено во: Свет 10 Февруари, 2015 22:53

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД Барак Обама разговарал денеска со претседателот на Русија Владимир Путин за ескалацијата на судирите во источниот дел од Украина и за „поддршката која Русија таму им ја пружа на сепаратистите“, соопштуваат од Белата куќа.

Во текот на телефонскиот разговор, Обама ја повторил поддршката на САД за украинскиот „суверенитет и територијален интегритет“ изјавил претставник од Советот за национална безбедност, пренесува АФП.

Обама истакнал дека бројот на жртви во судирите во Украина расте и нагласил дека е важно претседателот Путин да ја искористи шансата во разговорите во кои учествуваа Русија, Франција, Германија и Украина да постигне мирно решение.

Претседателот на САД рекол дека доколку Русија го продолжи агресивното дејство во Украина, ќе вклучи праќање на војници, оружје и финасирање на сепаратистите, цената која Русија ќе ја плати ќе порасне, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Белата куќа претходно денеска соопштила дека украинскиот претседател Петро Порошенко го информирал Обама за новата рунда мировни разговори насочени на обезбедување на прекин на огнот на истокот од Украина.

Обама и Порошенко разговарале телефонски во моментот кога Обама го разгледува праќањето на убиствена воена помош на украинската војска.

Белата куќа не наведува дали во разговорот станало збор за праќање на воена помош на Украина.

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил