15 Декември, 2025
0.0277

Обама одобри воздушни напади врз Ирак

Објавено во: Свет 08 Август, 2014 10:25

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама одобри „превентивни“ воздушни напади во Ирак, каде што радикалните екстремисти на т.н. Исламска држава се уште држат под контрола голем дел од ирачката територија. Обама предупреди дека нападите веднаш ќе започнат доколку е потребно да се заштитат Американците во Ирак и ирачките цивили од напади на исламските екстремисти. Во телевизиско обраќање во Вашингтон, Обама појасни дека американски воени авиони веќе испорачуваат хуманитарна помош во Ирак, на барање на ирачката Влада. Помошта се состои пред се во храна и вода и е наменета за десетици илјади приппадници на националните малцинства во Ирак, кои се практично опкружени од екстремистите. Имајќи ја го во вид негативното мислење на американската јавност во поглед на учеството во уште една воена интервенција, американскиот претседател уште еднаш повтори дека САД нема да се вклучуваат во воено решавање на кризата во Ирак и нема да испраќаат повторно своја копнена војска во оваа земја. „Како врховен командант, јас нема да дозволам САД да бидат вовлечени во уште една војна во Ирак“, нагласи Обама. „Но кога се загрозени животите на американски граѓани, ние преземаме акција. Тоа е мојата одговорност како врховен командант“, додаде тој. Повод за активирање на американските воздушни напади ќе биде доколку есктремистите на т.н. Исламска држава тргнат во напад на американските трупи во северниот ирачки град Ирбил или на американскиот конзулат во курдскиот дел на Ирак. Одобрението важи и доколку ирачките безбедносни сили побараат поддршка за да го заштитат цивилното население.  

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете