Добивај вести на Viber
Имајки ја во предвид кризата меѓу Западот и Русија, американскиот претседател
Барак Обама претстави план за безбедност за Источна Европа во вкупна вредност од 1 милијарда долари (735 милиони евра).
Со "Иницијатива за реосигурување на Европа" треба да бидат финансирани дополнителни копнени, воздушни и поморски сили за "новите сојузници" во Источна Европа, објави Обама во вторникот во Варшава, цитиран од AFP. Истовремено Обама ги повика сојузниците на НАТО во Европа да ги зголемат трошоците за одбрана.
Со планот се очекува да се поттикнат и можностите за соработка со земјите надвор од НАТО, како Украина, Грузија и Молдавија, како и за зајакнување на нивните одбранбени сили, се вели во соопштението објавено од Белата куќа.
Во полската престолнина Обама ги увери земјите од Источна Европа, дека САД ќе ги поддржат во оваа криза поради несигурната ситуација во Украина. Обврската за обезбедување на безбедноста на Полска и на другите сојузници на САД во Источна и Централна Европа е "пресвртница на нашата сопствена безбедност " и е "недопирлива обврска", рече Обама .
"Тоа е обврска која е особено важна во овој момент ", изјави Обама, исправен пред голем број американски и полски борбени авиони F- 16 на Варшавскиот воен аеродром , каде што го даде брифингот.
Претседателот на САД повика и Русија да влијае на проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, за да го прекинат востанието против управувањето во главниот град Киев.
Полска е првата станица од посетата на Обама во Европа, која е вклучена во темата за кризата во Украина. Претставник на НАТО во рече во Брисел дека Москва ги повлекла "повеќето " од војниците од источната граница на Украина. Источноевропските земји од НАТО како Полска, балтичките земји и Романија, сепак продолжуваат да се чувствуваат загрозени од Русија.
Обама ќе се сретне со американските и полски војници кои служат на американските борбени авиони Ф-16 , распоредени во Полска и ќе имаат заедничка прес-конференција заедно со полскиот претседател. Во програмата следат разговори со премиерот
Доналд Туск и средба со шефови на држави од Централна и Источна Европа.
На полска територија Обама ќе се сретне со новоизбраниот украински претседател
Петро Порошенко.
Генералниот секретар на НАТО
Андерс Фог Расмусен реагира позитивно на плановите на Обама. Тој го поздрави "американското лидерство во мерките за реосигурување " за земјите од Источна Европа, изјави самиот тој во Брисел. Иницијативата на Обама треба да биде потврдена со гласање од Конгресот на САД. Вашингтон постојано ги повикува европските земји од НАТО да инвестираат повеќе во одбраната. И Расмузен во интервју за германскиот Die Welt ги повика земјите од НАТО да ја имаат во предвид "новата ситуација за безбедноста во Европа" и да ги зголемат трошоците за одбраната.
Сојузниот министер за одбрана на Германија
Урсула фон дер Лаиен повика пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел во вторникот да се даде знак на солидарност со земјите од Источниот дел на НАТО. "Важно е да стане јасно дека загриженоста на нашите источни партнери се и наши стравувања и дека тие може да се сигурни за нашата непрекината солидарност ", рече таа.
По барање на Полска фон дер Лаиен се сретна во пресрет на средбата во Брисел со своите колеги од Полска и Данска
Томаш Шемонјак и Николај Вамен. Варшава инсистира владејачкиот од трите држави штаб на североисточниот команда на НАТО во полскиот град Шчечин да се донесе во целосна борбена готовност. Прашањето сепак е деликатно, бидејќи Русија смета дека тоа ќе биде кршење на договорот меѓу неа и НАТО од 1997 година. Други држави членки на Северноатлантскиот пакт освен тоа истакнуваат дека мерката ќе биде премногу скапа и воено неоправдана, забележуваат агенциите.
Има мислења дека наместо да има војници на Исток, НАТО би требало да ја зголеми способноста да реагираат брзо на кризи со однапред распоредена опрема во Источна Европа и подготвеност да испрати војници таму. Според Ројтерс тоа може да е дел од планот за зголемување на борбената готовност на Алијансата кој генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен најави дека треба да биде усвоен од лидерите на земјите членки на нивниот самит во Велс во септември.
K.K.