18 Декември, 2025
0.0726

Објавен тестаментот на Тијаниќ – интервју во неделникот НИН

Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2013 12:43

Добивај вести на Viber

- Полека изумирам стоејќи на нозе како некој вид луд диносаурус – изјавил починатиот новинар Александар Тијаниќ во неговото тестамент – интервју, кој го дал за неделникот НИН пред две години и сакал да биде објавено после неговата смрт. Во интервјуто, Тијаниќ посакува српското новинарствто да не го памети неговото име. - Јас ја мразам професијата со која се занимавам, како и самиот себе си. Новинарството е слој на робови. Ни самиот не знам што барам речиси четири децении во новинарството. Кога правам пресметки, сум напишал повеќе од илјада текстови, но само десетина од нив можат да го изразат тоа што го мислам и тоа што сум јас. Би сакал да оставам две до три книги свои текстови, за студентите по новинарство кога сакаат да видат каков лудак бил Тијаниќ, да прочитаат неколку текстови. За последните 12 години од неговата работа, изјавил дека тоа не претставувало новинарство, туку борба за спас на главата. - Се правам храбар во ситуации кои не се нормални. Списокот на моите непријатели е голем, се работи за најмоќните луѓе во Србија. За да ги преживеам тие непријатели, јас морав да бидам ѕвонар на Богородичната црква: неубав, подгрбавен, никаков. Но, да ѕвонам многу силно и далеку – вели во интервјуто Тијаниќ. Генералниот директор на РТС Александар Тијаниќ почина во понеделникот на 64 години.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата