ОБЈАВЕНА ШОКАНТНА ЛИСТА НА ВОДЕЧКИ ЛИДЕРИ ВО 21 ВЕК: Само Путин е Путин
Објавено во: Свет 19 Март, 2024
Кога беше назначен за вршител на должноста претседател на Русија во март 2000 година, малкумина можеа да предвидат дека Владимир Путин ќе биде таму каде што е во следниот четврт век.
Помеѓу 2008 и 2012 година, тој ги смени улогите, станувајќи премиер, но ја задржа целосната контрола врз земјата.
Уставот беше изменет во 2020 година и сега се очекува Путин да остане на власт до 2036 година.
Што се случило во светот во тоа време? Колку лидери сменија најмоќните земји во меѓувреме?
Веб-страницата World of statistics, која објавува веродостојни и прецизни податоци, излезе со интересна табела која јасно покажува дека само во Русија владата е една, иста и стабилна.
На пример, во последните 25 години Велика Британија имала дури седум премиери. Тони Блер, Гордон Браун, Дејвид Камерон, Тереза Меј, Борис Џонсон, Лис Трас и Риши Сунак се најдоа на листата.
САД пак, ги смени Бил Клинтон, Џорџ Буш, Барак Обама, Доналд Трамп и Џо Бајден како претседатели во САД.
Индија за премиери ги имаше Атал Бихари Вајпаје, Манмоан Синг и Нарендра Моди, додека Германија за канцелари ги избра Герхард Шредер, Ангела Меркел и Олаф Шолц.
На крајот Франција ја предводеа Жак Ширак, Никола Саркози, Франсоа Оланд и Емануел Макрон.
Само Путин беше и останува на водечката позиција на Русија.