Објавени аудиоснимки: Заев преговарал со Мијалков преку посредник?
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020
Две нови снимки на кои се слуша лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев беа објавени денеска на јутјуб на каналот „Мијачко Шилеже“ . Станува збор за телефонски разговор а гласот на соговорникот е мутиран.
Во првиот разговор се споменува името Сашо но не е споменат со презиме иако медиумите алудираат дека станува збор за Мијалков.
Заев бара писмено решение од финансиската полиција дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо. На крајот на тонскиот запис Заев вели „нека повлечат сѐ со решение и нема да објавам ништо“.
Ова е транскриптот од тој разговор:
ХХ: Значи Сашо е спремен за договор. Сашо.
Заев: Јас преговарав со Сашо. Со Сашо кога се гледавме…
ХХ: Еве, јас ако ти ветам дека ќе…м?
Заев: Нека пушти решение бе, финансовата инспекција писмено решение, дека во Општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо.
ХХ: Добро, чекај да запишам. Значи, да се пушти решение до Општина Струмица, од која институција, од кои сектори?
Заев: Финансова полиција. Дека ги прекинуваат сите постапки на контрола во Општина Струмица.
ХХ: Дека ги прекинуваат сите постапки…
Заев: …на контрола
ХХ: На контрола. На контрола врз Општината Струмица. На Струмица и дека се е регуларно.
Заев: Сѐ е регуларно, сѐ е согласно закон. Еве што ти викам, нека повлечат сѐ…они ме принудуваат на такви работи. Значи да не заврши да не доаѓаат, туку решение дека е завршено, океј нема да го подготвам пакетот, да тепам во тој правец и нема проблем. Нека повлечат сѐ со решение.
ХХ: Добро.
Во вториот разговор, Заев со непознатиот соговорник зборува за улогата на Петре Шилегов како претседател на второстепената комисија за јавни набавки.
Заев: Шилегов и Оливер излегле директно мавајќи по власта. Не знам во политиката што повеќе да очекувам.
ХХ: Шилегов?
Заев: Маваше.
ХХ: Второстепена комисија. Трпај пари и уживај, капата на криво. И свиркај си.
Заев: Немам дилема околу тоа, јасно ми е. Што бил, како правел, океј е.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.