ОБСЕ/ОДИХР стартуваат со набљудување на изборите закажани за 11 декември
Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2016
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска ќе го почне набљудувањето за предвремените парламентарни избори во Македонија кои се закажани за 11 декември.
Каетана де Зулуета, шеф на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР, по тој повод на прес-конференција ќе ја претстави улогата на Мисијата и претстојните активности.
Таа од скоро е назначена за шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија на местото на амбасадорот Јан Петерсен, кој требаше да биде на чело на мисијата за претходните термини на изборите, што беа одложени.
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) вчера се сретнаа со претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР биле информирани за подготовките на Државната изборна комисија (ДИК) во пресрет на предвремените парламентарни избори.