19 Декември, 2025
0.0429

Обука за градежни дозволи по електронски пат

Објавено во: Економија 26 Април, 2013 14:13

Добивај вести на Viber

Електронскиот систем за издавање одобренија за градба, што треба да почне да се применува од 1 јуни, е многу поедноставен и потранспарентен  во споредба со досегашниот, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Со претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски денеска ги презентираа софтверот и понудените решенија, пред претставници на градежни компании, раководители на секторот за урбанизам на поголемите општини и директори на јавните претпријатија. Новиот софтвер треба да овозможи дозвола за градба наместо за 45 дена да се добие за 15 дена доколку предметот е со комплетна документација. Системот, како што рече, Јанакиески, е конципиран заедно со вработените во општините, а наредните 40-ина дена ќе бидат доволни за нивна обука за да се стекнат со знаења да работа со него. Според Јанакиески, од 1 јуни Македонија ќе биде  прва држава во регионот која ќе издава  одобренија по електронски пат, а граѓаните ќе добијат поедноставни и побрзи услуги. - Со воведување на овој систем очекувам дополнително олеснување во постапката на сите процедури во одобренијата за градба, но и прогрес на Република Македонија во делот на одобренија за градења на листата на Светската банка, истакна министерот за транспорт. Постапката, појасни, опфаќа четири чекори, од доставување на барањето до издавање на одобрението за градење. - Подготовка во рамки на која се доставува барање и заедно  со потребните документи се внесува во системот, а доставените документи електронски се потпишуваат и се  проследуават до соодветната општина или до Министерството за транспорт и врски, посочи Јанакиески. Со новиот систем се овозможува и трето лице да може да поднесе барање во име на барателот на одобрението, а министерот очекува во наредниот  период да има специјализирани компании за таа намена. Тој концепт веќе се приемнува во Сингапур, од каде се користени искуства  при изработката на решенијата од софтверот. Претседателот на ЗЕЛС Трајановски рече дека се очекува со обуката на општинската администрација за примена на софтверот за издавање одобренија за градење во следниот период да биудат опфатени 1.000 лица. Тоа ќе бидат кадри од одделенијата за урбанзиам, за финансии и од архива, но и од други целни  групи кои ќе имаат потреба. - Ова е уште една алатка со која општините  го зголемуваат бројот на електронските уреди кон граѓаните. Таа ќе придонесе за повисок степен на ефикансост на општините при извршување на услугите и во обезедување поголема транспарентност во реализацијата на постапката, изјави Трајановски.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд