29 Септември, 2024
0.0282

ОБВИНЕНИЕ ЗА ТАТКОТО НА ЗАГИНАТАТА ДЕВОЈКА - со лихварски долг уценувал двајца да убијат други три лица

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен акт против 57 – годишен кумановец за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 3 во врска со став 2 точка 4 во врска со член 23 став 2 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетиот се товари дека со умисла поттикнувал двајца оштетени да лишат од живот три лица. Поттикнувањето го вршел заради безобзирна одмазда на смртта на неговата ќерка, која загинала во сообраќајна незгода превезувајќи се во возило како сопатник. Убиството кое обвинетиот го нарачувал, требало да биде ивршено врз две лица кои во моментот на несреќата биле заедно со неговата ќерка во возилото, како возач и сопатник, како и врз таткото на возачот.

„Обвинетиот за да го изврши делото, искористил претходен долг на парични средства кои тој му ги позајмил на еден од пријавителите, оштетен во предметот. Имено, обвинетиот му позајмил 50.000 евра на оштетениот, на која сума постојано засметувал камата, со што го зголемувал долгот до сума од 80.000 евра. Искористувајќи го фактот дека оштетениот му должи пари, обвинетиот во периодот од април до август 2021 година, на различни локации во Куманово, на оштетениот, а потоа и на друго лице, исто така оштетен, им предложил, наместо да му се врати дологот од 80.000 евра, тој долг да го прости, а воедно да им додаде уште 40.000 евра. За возврат, побарал од  оштетените да им го одземат животот на трите лица. Откако увидел дека не постапуваат по договореното, обвинетиот неколкупати, покрај понудените парични средства за да ги извршат бараните убиства, започнал да им се заканува на оштетените по нивните, како и по животот и телото на членовите на нивните семејства. Оштетените одбиле да ги извршат убиствата и случајот го пријавиле во полиција“, пишуваат од Обвинителството.

Заедно со обвинението, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека околностите поради кои што притворот е определен се уште постојат и тоа опасноста од бегство доколку обвинетиот се брани од слобода, како и опасноста од повторување и довршување на делото или од можно сторување на ново кривично дело. При предлагање на мерката, обвинителот ги имал предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, неговата противправност, запретената казна за ваков вид на кривично дело, начинот на извршувањето и упорноста како и последиците од кривичното дело, околностите под кои е извршено и мотивите за неговото извршување. 

„Обвинителството предлагајќи продолжување на притворот за обвинетиот, особено ценеше дека е оправадан стравот од можност за бегство надвор од државата или пак плаќање за продолжување и реализирање на претходните планови и преку можни трети лица“, велат од Обвинителството.

Иако од Обвинителството не даваат детали, од сето наведено, се претпоставува дека се работи за случајот на загинатата Јелена Филиповиќ.

Како што веќе пишувавме, Никола Стефановски, 22 годишниот кумановец кој возејќи пијан ја усмрти мамолетната сопатничка Јелена Филиповиќ, е осуден на 7 и пол години затвор

Сообраќајната несреќа се случи лани на патот кај Миладиновци, а на случајот потоа му следуваа низа контроверзни настани.

Родителите на Филиповиќ сметаа дека се работи за убиство, а таткото на загинатата е во притвор поради истрага за планирање и нарачување на платено убиство на сега веќе осудениот возач.

Минатиот месец гробот на загинатата 17-годишна Филиповиќ беше ископан од крадци на гробови кои биле пуштени на викенд од затворот Идризово. 

На осудениот му е определен и притвор до правосилност на пресудата.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“