05 Декември, 2025
0.0444

Обвинителство: Истрагата продолжува, но сметките на „Актор“ се деблокирани

Објавено во: Македонија 24 Април, 2014 18:48

Добивај вести на Viber

Сметките на грчката градежна компанија „Актор“ во Македонија се деблокирани, потврдуваат за „Фактор“ од Државното јавно обвинителство. Во обвинителството велат дека истрагата против оваа компанија и натаму трае, но сметките биле одблокирани за таа да може да работи на автопатот Демир Капија - Смоквица. „Има повеќе различни дејства за проверка, а дел од нив и не се во надлежност на Обвинителството. Затоа и не може да се каже колку ќе трае истрагата“, велат од Државното јавно обвинителство. Истрагата против грчката компанија беше отворена по наводите дека пари се одлевале од сметките на „Актор“ на приватни сметки. Случајот го обелодени опозицискиот СДСМ, но институциите тврдат дека за него знаеле од порано и дека истрагата и претходно била во тек. Вчера компанијата информираше дека ја продолжува изградбата на делницата Демир Капија - Смоквица и оти веќе спроведува интервјуа за нови вработувања во нивниот камп во Миравци. Две сметки на „Актор“ беа блокирани од средината на минатиот месец, кога Обвинителството покрена преткривична постапка за оваа фирма. Тоа повлече и стопирање на работите на автопатот, бидејќи грчката компанија не можеше да ги исплаќа работниците. Б.А.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија