08 Јули, 2024
0.0275

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГО „ЧЕШЛА“ НАПАДОТ НА БУГАРСКИ НАВИВАЧ КАЈ ЧАИРЧАНКА: Првичните информации велат дека влегле во расправија со случајни минувачи

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Јавното Обвинителство работи на расчистување на случајот со инцидентот во Чаирчанка, кога беше повреден бугарски навивач.

„Што се однесува до останатите инциденти поврзани со навивачи на ФК Левски во текот на вчерашниот ден, обвинителството е известено дека се процесуирани прекршoчно. Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот и ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб „Левски” од Софија. Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК „Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани. Бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во физичка пресметка со група граѓани кои излегле од околните објекти. При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил повреден со остар предмет во абдоменот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба“ информираат од обвинителството.

Оттаму додаваат дека со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видео записи од околните објекти и од камерите на системот „Безбеден град”, а се преземаат и други дејствија.

ФОТО: Принтскрин

Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

КОЈ Е 42-ГОДИШНИКОТ ШТО ДИЛАЛ КОКАИН НА МОТОР - полицијата го фати, се бара притвор

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

НА КЛИНИКА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДВЕ МОНТАЖНИ КАТНИ ГАРАЖИ - Таравари вели дека така ќе се обезбедат тројно повеќе места за паркирање

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Продолжуваат заканите до Васил Стерјовски од Виктор Стојанов

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

Д-Р ЧИБИШЕВ ОТКРИ ДЕКА ПАЦИЕНТ ОД СТРУМИЦА БИЛ КАСНАТ ОД ЦРНА ВДОВИЦА - „Браво за колегите, му го спасија животот“

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

„НЕПОСРЕДНО ПО МОЕТО СТАПУВАЊЕ НА ДОЛЖНОСТА, ТРАГИЧНО ПОЧИНА МЛАД ВОЈНИК, ЗАТОА ИМ СЕ ОБРАТИВ НИВ“ - претседателката Давкова со објаснување

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ОГРАДАТА ДЕНЕСКА СЕ МЕСТИ ОКОЛУ ВЛАДАТА, ОТКАКО ПРЕТХОДНО БИЛА РЕПАРИРАНА - но вратите на Владата ќе останат отворени за граѓаните

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

ЕВЕ КОЈ Е НОВИОТ ДИРЕКТОР НА КИНОТЕКАТА - Бошко Грујоски и претходно директорувал со таа институција

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор

МВР СО ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА „ПУКАЧОТ“: Претреси на три локации, задржано лице на информативен разговор