ОБВИНИТЕЛСТВО ОТВАРА ИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА 27 ЛИЦА И ТРИ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ - по катастрофалниот пожар во Кочани

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 10:02
Обвинителство започнува истражна постапка против 27 лица и три правни субјекти по избувнувањето на катастрофалниот пожар во Кочани, во кој животот го изгубија 59 лица, и над 160 се повредени
- Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани - соопштија од ОЈО.
Од оваа институција повеќе детали за истрагата најавуваат во текот на денот.
Според досегашните информации, приведени се поранешните градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Јавното обвинителство најави дека денеска ќе информира за акцијата на полициските екипи спроведена по наредба на ОЈО Кочани, каде работи обвинителскиот тим за истрагата.
Папазов беше на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани на 17 март, а Обвинителството по завршување на неговиот распит најави дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.
Се очекуваат следните чекори од обвинителскиот тим и поради истекувањето на мерката краткотраен притвор што бепе определена за 18 лица во предистражна постапка. Со истражните активности до пред приведувањето на тројцата поранешни градоначалници беа опфатени 28 лица.
Веќе е отворена истрага и е определен 30-дневен притвор за седум службени лица, вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, кои се осомнични дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.
Полициски службеници од одделот за крим полиција и организиран криминал завчера влегоа и во Општина Кочани, за обезбедување на документација поврзана со дискотеката. Претреси се извршени и на две лица, вработени во Министерство за економија, при што одземени се техничка опрема, документација, оружје, муниција... а, исто така, претреси извршени се и кај управителот и одговорното лице на дискотеката.
Меѓу лицата на кои им е определен краткотраен притвор се и поранешен министер за економија и поранешен директор на Државниот пазарен инспекторат.
Според јавниот обвинител Љупчо Коцевски, сите докази за дискотеката „Пулс“ упатуваат на кривично дело - тешки дела против општата безбедност, за што е предвидена казна затвор до 20 години.
- Доказите кои секој ден ги собираме укажуваат на тоа дека коренот всушност е една општа ерозија на системот, култура на непочитување на законот и правилата, но и длабока системска корупција. Обвинителството, за жал, не е орган на превенција, туку на репресија. Дали и како може да се спречеше ваков епилог? Би рекол, можеби. Но, сега е на нас да се соочиме со последиците, да ги казниме одговорните за оваа катастрофа и да спречиме да се повтори ваква трагедија, вели Коцевски, во вчерашното интервју за белградска „Политика“.
Фото: ЕПА
Можеби ќе ве интересира
СЕ „ТРЕСЕ“ СЕ' ШТО ИМА АКТИВНА ЛИЦЕНЦА: „Го изигрувале законот“

ДЕТАЛНО СЕ ПРОВЕРУВААТ ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА, СПОРТСКИ САЛИ, УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ: Општините го вклучија алармот

КОЈ Е СЛЕДЕН НЕМА НАМЕРА ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО СТУДЕНТСКОТО ОРГАНИЗИРАЊЕ: Соопштение од организацијата

ШЕСТМИНА ОД ПАЦИЕНТИТЕ БИЛЕ СО ИЗГОРЕНИЦИ ОД ТРЕТ СТЕПЕН: Кај нив веќе е направена трансплантација на кожа

ЕВЕ ГИ БАРАЊАТА НА „КОЈ Е СЛЕДЕН“: Имаат повеќе бара поврзани со „Пулс“, „Дурмо турс“, „Онкологија“, „Беса транс“

НЕ МОЖЕ ДА НАВИВАМЕ ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОТФРЛАТ, САМО АКО НЕ СЕ ВОДЕНИ ОД НАШИТЕ: Димитров вели доста е навивање да не не' биде

СИН НА ПОЛИЦАЕЦ ГЛУМЕЛ ПОЛИЦАЕЦ, ПА НАПАДНАЛ ВОЗАЧ КОЈ ГО ИЗНЕРВИРАЛ ДОДЕКА ВОЗЕЛ: Вистинска драма на скопската обиколница

УБАВИ ВЕСТИ ДОАЃААТ ОД ТАРАВАРИ: Сите пациенти во македонските болници се во добра и стабилна состојба
