Обвинителството бара конфискација на имотот на Груевски, тој тврди дека ова е обид за негово оцрнување
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2021
Во Кривичниот суд почна судењето против поранешниот премиер Никола Груевски, на кој ќе му се суди во отсуство, за плацевите кои според обвинителството, незаконски ги купил на Водно.
Обвинителството бара конфискација на имотот на Груевски.
„Груевски беше премиер повеќе од десет години. Во целиот овој период тој негуваше статус на лице кое е безимотно, нема возило, има заштеда од плата и живее во станот на мајка си. Сепак, содржината на снимените разговори упатува на сосема друга слика, дека Груевски поседува имот кој го запишувал и пријавувал на туѓи имиња, а вклучени биле и фирми регистрирани за таа намена", рече обвинителката Лиле Стефанова.
Таа пред судот изјави дека во текот на процесот лице ќе сведочи како во 2008 година екс премиерот купил стан на негово име, а истото го сторил и во 2009 година.
За ова Груевски на Фејсбук коментира дека тоа е театарската престава во режија на премиерот Зоран Заев.
„Уште еднаш повторувам дека ниту сум купувал, ниту продавал земјишта или станови. Ниту сум земал пари од партијата за тоа. Се е лага и валкана конструкција. Се прашувам како тоа сум перел пари и сум го зголемил имотот кога и самите сведоци и лица кои давале изјави, колку и да биле притиснати и под тешки закани, дале изјава во обвинителството дека пред 10-11 години наводно некое трето лице им рекло да купат стан или земјишта кои тие ги купиле со свои пари и никогаш никој не им дал пари за истото. Таков е случајот со земјиште купено на јавна лицитација од некоја фирма во големина ако добро разбрав ооолу 2.400 мкв на Водно, еден стан од 60тина метри квадратни и многу слично е со земјиште во Крушево кое било купено на јавна лицитација во вредност од 40.000 денари“, пишува тој.
Тој тврди дека ова е обид за негово оцрнување.
фото Фејсбук
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.