21 Мај, 2024
0.0276

Обвинителството и натаму ги држи „замрзнати“ 11-те милиони евра што Заев ги планира за конфискување

Објавено во: Економија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се уште ги држи „замрзнати“ 11 милиони евра за кои пред година и десет месеци побара запирање на трансакциите на сметките на правното лице од продажбата на концесијата на дијализниот центар Диамед Македонија. Од таму велат дека „активно се постапува по случајот“ откако беше отворен во ноември 2018.

Инаку изминатата недела премиерот Зоран Заев како тогашен мандатар, коментирајќи го фамозниот бројчаник за враќање на парите кај народот, меѓу другото, рече дека е планирана конфискација од 11 милиони евра од трансакциски сметки за, како што вели,  од продажба на дијализи.

„Знаете дека имаме постапка на заплена на пари од дијализите, кои се 3 милиони евра запленети во наши банки, 8 милиони евра во италијански банки, не знам каде се. Ако Обвинителството докаже дека е тоа така, преку судски постапки и тие ќе завршат 11 милиони евра на бројчаникот“, изјави меѓудругото Заев.

Од Управата за финансиско разузнавање, кои ја блокираа трансакцијата како една од највисоките замрзнати суми кои потекнуваат од земјата, потврдуваат дека премиерот алудирал на продажбата на Диамед Македонија, но за понатамошната судбина на овие пари упатуваат на одговори од Јавното обвинителство.

Во врска со поставените прашања во однос на замрзнатите средства, согласно членот 120 од Законот, Управата за финансиско разузнавање има законска надлежност и самостојно може да наложи до субјект да воведе „Привремени мерки“ или задржување на транскација до 72 односно 120 часа, а доколку се работи за трансакции  со меѓународен елемент постои можност за доставување на барање до странски надлежен одрган за одлагање или замрзнување на трансакција, но само за истиот овој временски период. По определувањето на ваквите мерки, управата доставува барање до надлежен Јавен обвинител кој понатаму одлучува дали за истото ќе поднесе барање до судија на претходна постапка. Овој рок (72 односно 120 часа) и ваквото постапување има за цел да им даде соодверно време за постапување на надлежните за реализирање на меѓународната правна помош кога се работи за кривични дела со меѓународен елементили како што напоменавме до донесување на одлука од судија за претходна постапка за замрзнување на средства или имот.

Управата за финансиско разузнавње нема никакви понатамошни надлежности по донесувањето на ваквата одлука.

Од она што можевме и ние да го проследиме од изјавата на Мандатарот за состав на Владата на Република Северна Македонија, г-динот Зоран Заев, во еден дел од изјавата наведува „италијански банки, не знам точно каде се... „ па воедно  во прилог Ви го испраќаме и соопштението на Јавното обвинителство од 23 ноември 2018 година во кое се наведува дека „Преку меѓународна правна помош доставено е барање до Кнежевството Монако за запирање на извршување на финансиски трансакции на сметките на кои се префрлени пари од продажбата на правното лице во износ од 11 милиони евра“., гласи одговорот од Агенцијата за разузнавање.

Од таму велат дека на евентуално сомнителните трансакции во врска со работењето на дијализните центри се работи во строго доверливи околности, но и дека тие не се оние кои ги вршат истрагите.

„Во еден дел од вашите прашања се содржани и елементи од доверлив карактер на кои нема да можеме да дадеме конкретен одговор. Воедно би Ве замолиле на разбирње имајќи  предвид дека истото може да наштети на било какви понатамошни кривично процесни постапки, (информации кои би ги дознале и потенцијално осомничените лица) дополнително имајќи ги предвид одредбите од Законот за кривичната постапка кои упатуваат на тајност на предистражната и истражната постапка. Надлежностите на Управата и нејзиното работење е регулирано со Законот за спречување перење пари и финансирање на теророизам и во таа насока би напоменеле дека истата согласно своите надлежности не е истражен орган во смисла на Законот за кривичната постапка и нема законски надлежности во водењето на предистражни и истражни постапки“, додаваат од управата.

Од ОЈО не објавуваат конкретни детали за тоа во која фаза е предметот, но велат дека активно се работи.

„По предметот за кој покажувате интерес активно се постапува. Средствата на сметките по наредба на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сеуште се замрзнати. Обвинителството на Кнежевството Монако постапуваше по барањето за меѓународна правна помош во предметот, при што  судија претседавач на Судот во прва инстанца на Кнежевството Монако привремено ја замрзна банкарска сметка на правното лице – концесионер на центрите за дијализа кое подоцна беше отуѓено“, гласи одговорот од Обвинителството.

Поголемиот дел од средствата што беа добиени од продажбата на фирмата Диамед Македонија беа префрлени во Монако, по што македонските надлежни институции ја замрзнаа сметката на сопственикот.

Инаку концесијата над центрите за дијализа беа со важност до 2034 година.  Јавното обвинителство за гонење организиран криминал објави дека замрзнало 11 милиони евра од продажбата на фирма, која има ексклузивна лиценца за јавна услуга за цела Источна Македонија да врши дијализа за бубрежно болни, а за што за возврат добива пари по услуга од Фондот за здравство. 

Ова ретко замрзнување на толкава сума пари се случува само неколку недели по продажбата на македонската фирма на две сметки за кои засега нема одговори кои ги контролирал.

А.К.









Можеби ќе ве интересира

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАА ДО НЕБО: Еве што ја качи вредноста на становите на црногорското приморје

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра