06 Декември, 2025
0.5074

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО БЕЛГРАД, СТУДЕНТИТЕ ОД ЦЕЛА СРБИЈА СЕ ТАМУ: Денеска е најмасовниот протест од кој стравува Вучиќ

Објавено во: Балкан 15 Март, 2025 07:04

Добивај вести на Viber

Белградските студенти, кои денеска организираат голем протест пред Собранието на Србија, на својата официјална страница на Инстаграм објавија дека собирот ќе започне во 16 часот.

Студенти од белградските факултети и граѓани синоќа се собраа во центарот на Белград на Теразие, каде организираа спектакуларен пречек на студентите кои пристигнаа во главниот град на Србија во пресрет на масовниот протест.

Некои групи студенти пешачеа повеќе од пет дена за да се приклучат на големиот протест наречен „15 од 15“ закажан за попладнево во 16 часот.

Револтот кој трае од почетокот на ноември минатата година по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, денеска најмасовно ќе го изразат студентите, земјоделците и граѓаните. Ова, како што велат студентите ќе биде најголем собир во серијата демонстрации по загинувањето на 15 луѓе во несреќата во Нови Сад.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно и се обрати на јавноста и рече дека опозицијата и демонстрантите разговараат за плановите за предизвикување граѓанска војна и преземање на власта во Србија.

По 15 март планиран е тридневен генерален штрајк од 17 до 19 март, организирање акции за вклучување на што поголем број работници и радикализација на протестите и блокади на клучните економски сектори.

Клучни точки на блокадата за време на штрајкот ќе бидат Електростопанството на Србија (ЕПС), Градскиот транспорт (ГСП) и Колубара.

- Овој протест е повеќе од еден ден - тоа е повик за долгорочна борба за системски промени. Поддршката на што поголем број граѓани и работници е клучна за успехот, велат тие.

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа