Очув и мајка се осомничени за обљуба на малолетно девојче
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2025 20:15
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик.
Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување.
„Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати барало помош од неа. Предметниот јавен обвинител предложи на осомничениот очув да му биде определена мерка притвор, додека за осомничената мајка се предложени мерки на претпазливост“, велат од ОЈО.
Јавниот обвинител ќе се координира со Центарот за социјални работи за да се преземат дејствија за згрижување на трите малолетни деца во семејството, вклучувајќи ја и жртвата.
Можеби ќе ве интересира
Лов на луѓе за 100 марки: Суровата вистина за „Сараево Сафари“
„ЗА АЛБАНЦИТЕ, СОНЦЕТО ИЗГРЕВА НА ЗАПАД“: Ахмети му честиташе на Рама за достигнувањата на европскиот пат
(ВИДЕО) „ЛОЈАЛНОСТА КОН УСТАВОТ Е ДОЛЖНОСТ НА СИТЕ“: Костадиновски го честиташе Денот на Уставот
ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?
ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје
ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот
САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ
МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто
МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји





