05 Декември, 2025
0.0320

Од 1 април Хрватска воведува визи за Русија и Турција

Објавено во: Балкан 28 Март, 2013 14:54

Добивај вести на Viber

Уредбата за визен режим, во рамки на усогласувањето со прописите на Европската унија, денеска ја измени хрватската Влада, со што од 1 април за влез во земјата на граѓаните од Русија и Турција ќе им бидат потребни визи.

Министерката за надворешни работи Весна Пусиќ истакна дека Хрватска тоа мора да го направи поради пристапувањето во ЕУ, но дека е избран најлибералниот модел во рамките на стандардите на Унијата.

Според Пусиќ, руските граѓани за виза ќе може да аплицираат преку Интернет, како и дека се извршени подготовки во Русија за овие измени.

- Визниот режим за Русија се воведува бидејќи сме обврзани на тоа според правилата на ЕУ, но тоа го правиме што е можно попријателски кон луѓето што сакаат да ја посетат земјата, изјави Пусиќ.

Во однос на Турција важат истите одредби, а специјалните и дипломатски пасоши ќе бидат ослободени.

Премиерот Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска не може да оди надвор од ова.

- Тоа е еден, нема да кажам негативен, но помалку поволен аспект од членството во ЕУ за нас, бидејќи државите за кои досега не баравме визи, сега за жал мораме. Тоа е така и ова е најлибералниот режим што можевме да го воспоставиме, истакна Милановиќ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии