Од 1 јуни градежни дозволи ќе се издаваат електронски за 15 дена
Објавено во: Македонија 06 Март, 2013 12:53
Дозволите за градење од 1 јуни ќе се издаваат по електронски пат. Новиот софтвер што за таа намена го изготви ЗЕЛС во соработка со Агенцијата за електронски комуникации, ќе овозможи дозвола за градба наместо за 45 дена да се добие за 15 дена доколку предметот е со комплетна документација.
Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески новиот систем ќе биде во интерес на граѓаните, но и поттик за странските инвеститори. „Преку електронскиот систем ќе се врши прием на барањата за издавање одобрение за градење директно во дигитална форма. Целиот процес ќе опфаќа само четири чекори од доставувањето на барањето до издавањето на одобрението за градење“ истакна јанакиески на промоцијата на новиот систем.
До 1 јуни ЗЕЛС на средби со граѓани и приватниот сектор ќе го презентира системот со цел прифаќање на евентуалните забелешки, а паралелно ќе се вршат обуки на администрацијата.
„При изработката на новата електронска алатка за одобренијата за градење се користени искуствата на Сингапур, а Македонија е единствена држава во регионот што ќе воведе таков систем“, информира Јанакиески.
Целосното воспоставување на електронското издавање на дозволите за градба чини 200.000 евра.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





