15 Декември, 2025
0.0317

ОД 19 АНАЛИЗИРАНИ СЛУЧАИ, КАЈ 10 УТВРДЕНА НЕПОТРЕБНА ОПЕРАЦИЈА: Алиу по завршување на испитувањата

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 09:59

Добивај вести на Viber

Од пристигнатите 25 случаи, Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции анализираше 19, од кои кај 10 случаи утврди дека се непотребно извршени операции или непотребно се упатени за операции, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу.

Од доставените 25 случаи, комисијата утврди дека шест треба да се испратат до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи таа не е надлежна.

Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест, а сите други пациенти ќе се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење.

Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест независно дали кардијална или периферна, а сите други пациенти кои треба да се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење.

- Донесувавме одлуки на демократски начин на база на достапната медицинска документација и само досега од досегашната работа по пријави од пациенти лично доставени до Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) или по пријави доставени од медицински установи до ФЗО и Министерството за здравство. Со резултатите од оваа првична наша анализа ќе настапиме заедно со меѓународната комисија која е поканета од страна на Министерството за здравство, од дополнителна анализа на овие случаи за кои утврдивме проблематична индикација или евентуално проблем во поставување индикација и воспоставување некаква стратегија за лекување, рече Христовски.

Со конечните резултати и за овие пријавени случаи и со тоа што ќе го работиме во втората фаза, која се состои во влегување во институциите кои се занимаваат со кардиоваскуларна медицина во државата со некаква рандом стратегија која ќе ја донесеме на следниот состанок, посочи Христовски, ќе направиме анализа на одреден број случаи околу стратегијата на лекување на пациенти со кардиоваскуларни проблеми.

Појасни дека сето ова во натамошниот дел ќе треба да донесе некакви заклучоци за подобрување на третманот на овие пациенти.

- Значи со интегрирањето на приватното и јавното здравство во донесување на стратегии и размена на информации тоа би требало дефинитивно да биде заклучок и финален резултат од работата на комисијата. Засега кај 10 случаи најдовме прекстензивна поставена индикација и тие ќе бидат предмет на обработка во понатамошната наша работа. Значи го очекуваме формирањето на меѓународната комисија и потоа со анализа на комплетната медицинска документација да донесеме и дефинитивни заклучоци и од тоа да произлезат и одредени натамошни стратешки потези кои ќе ја подобрат здравствената заштита од оваа област на граѓаните, додаде Христовски. 

Фото: Принтскрин/Влада

Можеби ќе ве интересира

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер