Од демографија до политички промени: Расте наталитетот кај Албанците
Објавено во: Балкан 02 Февруари, 2013 18:56
Многу брзо, за околу дваесетина години отсега, Албанците ќе станат најбројна нација на Западен Балкан, покажуваат истражувањето насловено „Показатели за светскиот развој“ на Светска Банка, а пренесе турската агенција Анадолија.
Во анализата на Банката се наведува дека најголем природен прираст на населението на Балканот има во Косово, а истиот че расте и во иднина, па во периодот 2010-2020 година Косово се очекува да има просечен годишен природен прираст од 0,7 отсто, што би бил еден од највисоките во Европа.По Косово следи Албанија со очекуван годишен природен прираст од 0,2 проценти, а на третото место е Македонија, која според Банката „има голем процент на албанско население“, со нулта стапка на прираст, односно со ист број на новородени и починати.
Во сите останати земји од Западен Балкан до 2020 година ќе има негативен природен прираст, во Србија тој ќе изнесува минус 0,2 отсто, Хрватска од минус 0,3, а во Босна и Херцеговина минус 0,4 проценти.
Аналитичарите предупредуваат дека ваквите демографски промени би можеле значително да влијаат врз политичката ситуација на Балканот и во иднина да поттикнат разни политички и територијални претензии.
Инаку, во европски рамки највисок природен прираст ќе има во Турција и Ирска од по 1%, а најнизок во Бугарија од минус 0,7 отсто.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





