Од денес човештвото живее „на кредит“ на Земјата
Објавено во: Анализа 02 Август, 2017 08:28
Од денеска (2 август) човештвото почнува да живее „на кредит“, бидејќи веќе ги потрошило ресурсите кои земјата би можела да ги регенерира за годината. Ова го покажуваат податоците на меѓународната истражувачка организација Global Footprint Network.
Денот во кој човештвото ги апсорбира сите ресурси за годината, настапува уште порано секоја година, посочува организацијата. Ова го вклучува уништувањето на шумите, суша, недостаток на свежа вода, ерозија на почвата, загуба на биодиверзитет и акумулација на јаглерод диоксид во атмосферата.
Организацијата објавува и нов калкулатор, во кој секој човек може да го измери своето еколошко стапало и неговиот личен датум од кој почнува да живее на кредит. Ако тој е пред 2 август, тогаш тоа значи дека личната потрошувачка на ресурси е повисока од просекот на светот. Ако денот настапува порано од 24 април, личната потрошувачка на ресурси е повисоко и од просекот за Германија, а ако е пред 14 март - е повисоко и од просекот на САД.

Најголемо трошењето на ресурси се забележува во Луксембур. Следува Катар - најголемиот производител на природен гас во светот, на 19 февруари.
Австралија ги потрошила своите ресурси за една година до 12 март, Канада - до 13 март, а САД - до 14 март.
Поеколошки се живее во Хондурас, каде годишните ресурси се очекува да ги задоволат потребите на населението до 31 декември.
Во моментов населението на Земјата користи ресурси како за 1,7 планети. Истовремено намалувањето на глобалниот еколошки отпечаток со 50% ќе го премести денот на надминување на ресурсите со 89 дена.
Основен еколошки отпечаток врз Земјата има храната. Со намалувањето на хранливиот отпад половина во светот може да го поништи овој датум со 11 дена, пресметува организацијата, заедно со Центарот за храната и исхраната на концернот Barilla. Конзумирањето на помалку протеинско-интензивна храна во светот може да го поместите овој ден со 31 дена.
„Нашата планета е ограничена, но човечките можности не се такви. Да живееме во рамките на средствата на една планета е технолошки можно, финансиски поволно и единствената шанса за просперитетна иднина“, коментира Матис Вакнергаел, извршен директор на Global Footprint Network, еден од креаторите на калкулаторот за еколошкиот отпечаток.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





