Од денес, ПроКредит Банка овозможува SEPA плаќања – побрзи, посигурни и поевтини трансфери во евра
Објавено во: Мои пари 07 Октомври, 2025 10:50
ПроКредит Банка АД Скопје од денес ќе овозможи брзи, сигурни и поволни евро-трансфери, благодарение на своето приклучување кон SEPA (Single Euro Payments Area – Единствена област за плаќања во евра).
Со приклучувањето на ПроКредит Банка кон SEPA системот, клиентите ќе можат да испраќаат и примаат евра со леснотија низ Европа – исто како дома. Новиот систем овозможува побрзи, посигурни и поевтини трансакции.
Што добивате со SEPA преку ПроКредит Банка:
- Брзи и лесни плаќања и приливи во рамки на еден ден, со повеќе од 40 европски земји членки на SEPA зоната
- Фиксни провизии за меѓународни плаќања од само 10еур и приливи од само 6еур, без разлика на износот
- Можност за трансфери директно преку денарска сметка
- Лесен пристап до европскиот пазар – идеално за бизнис и меѓународна соработкa
Со оваа нова услуга, ПроКредит Банка уште еднаш ја потврдува својата стратешка ориентација кон иновации, дигитализација и европска усогласеност, обезбедувајќи повеќе вредност за секој ваш евро-трансфер.
Покрај SEPA поволностите, ПроКредит банка останува најконкурентна на пазарот со своите ProPay меѓународни трансфери во рамките на ПроКредит Групацијата, како најповолни и најбрзи на пазарот, со реализација во истиот ден и фиксна провизија од 2,5 ЕУР за плаќања, додека приливите се без надомест (0 ЕУР).
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Ермис Лафазановски, добитник на наградата „Оливера Николова“: Романот „Џинџуџе“ е потрага по вистината, убавината и добрината
Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“
Debit Mastercard Business – нова деловна картичка од Комерцијална банка за динамични бизниси
Социјален експеримент: Што се случува кога од децата ќе побараме да нацртаат човек?
Avenga Academy: Кога делата зборуваат – иднината се создава
ИТ компаниите веќе со конкретни активности и подготовки за програмата студентски ваучери 2025
Роденденска промоција на „хnula.mk“, од 5ти до 10-ти ноември!
Баланс+ – сојузник на лицата со дијабет во градењето на здрав и балансиран живот
Овој ноември Тинекс, Конто и Mastercard со заедничка кампања





