Од денеска 165 лекови по пониски цени во аптеките
Објавено во: Економија 01 Април, 2016 09:38
Поевтинуваат 165 лекови од денеска, така што некои од нив граѓаните ќе можат да ги купат и по двојно пониска цена.
Се работи за антибиотици, лекови за третман на висок крвен притисок, депресија, леукемија, канцер. Дел од лековите се намалени повеќепати, а некои лекови се поевтинувани девет пати досега. Во земјава, во последните четири години лековите се намалуваат двапати годишно, вообичаено во март и во октомври.
„Вкупната заштеда само од ова намалување на цената на лековите е над 653.000 евра. Досега од сите овие осум претходно намалување на цените на лековите се заштедени над 33 милиони евра“- изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.
Некои лекови се поевтини за 40, а некои и за 60%. За четири години поевтинија повеќе од 4.700 лекови. Заштедите се користат за инвестиции во здравствениот систем, додаваат надлежните.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




