Од денеска со Виз Ер директно до Стокхолм
Објавено во: Економија 03 Мај, 2013 20:11
Денеска летна првиот авион на Виз Ер на новата редовна авионска линија Скопје – Стокхолм. Нискобуџетната авиокомпанија ќе лета директно од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје до аеродромот „Скавства“ во Стокхолм, два пати неделно, секој понеделник и петок.
Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, воспоставувањето на авиолинијата е во рамките на проектот за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава.
Овој проект започна минатата година со цел да се намалат превисоките цени на авионските летови кои го поврзуваат Скопје со останатите градови во светот. Заради побрз развој на цивилното воздухопловство и формирање на поконкурентни и подостапни цени во воздушниот сообраќај на поголем број директни дестинации од Скопје, Владата почна да дели субвенции за авиокомпаниите.
Притоа за доделување на финансиската поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, беше избрана компанијата Виз Ер од Унгарија која како авиопревозник од октомври 2012 воспостави шест нови дестинации од аеродромот „Александар Велики“ - Скопје до Милано – Италија, Ајндховен - Холандија, Дортмунд и Минхен – Германија, Малме – Шведска и Базел Милхасуен – Франција.Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




