22 Септември, 2023
0.0239

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Португалската агенција за заштита на животната средина го одобри отворањето на голем рудник за литиум на северот на земјата, што би можело да го зголеми производството на електрични автомобили во Европа.

Сопственикот на идниот рудник, Savannah Resources, веќе ја поздрави одлуката. Станува збор за британска компанија, која доби одобрение за проектот во 2021 година, но мораше да направи некои измени во плановите.

Португалската агенција за животна средина сега објави дека го одобрила барањето, а Savannah Resources се надева дека конечно ќе добие зелено светло за проектот за рудникот до 2024 година.

Британските сопственици, сепак, ќе мора да се усогласат со голем број мерки, како што се ограниченото отстранување на вегетацијата од областа на проектот, забраната за пумпање вода од блиската река и уредување по завршувањето на ископувањето на литиум, објави Сеебиз.

Исто така, треба да подготват и „социјално-економски компензациски пакет“ за општините каде што ќе се наоѓа рудникот.

На екстракцијата на литиум се противат португалските екологисти и локалната заедница во селото Ковас до Баросо, кое е класифицирано како заштитено подрачје поради неговото земјоделско наследство.

Пред се бараат поголема транспарентност и построга регулатива од надлежните.

Северот на Португалија, инаку, се смета за една од најбогатите области со литиум на Стариот континент, а оваа европска земја во моментов е најголем производител. Но, литиумот се продава исклучиво на керамичката индустрија.

Практично нема производство на висококвалитетен литиум, кој е потребен за производство на автомобилски акумулатори. „Savannah Resources“ планира да лансира нов рудник за литиум до 2026 година, а неговото отворање се очекува да и помогне на Европа да стане самодоволна во снабдувањето со оваа стока, која главно се ископува во Австралија, Јужна Америка и Кина.

ФОТО: Unsplash

Можеби ќе ве интересира

Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда