05 Декември, 2025
0.0684

„ОД ФОН ДЕР ЛАЈЕН ОЧЕКУВАМ КРЕАТИВНИ ПРЕДЛОЗИ И РЕШЕНИЈА“: Силјановска Давкова пред средбата со претседателката на Европската комисија

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2025 14:58

Добивај вести на Viber

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која денеска треба да се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, изјави дека очекува од неа креативни предлози и решенија, по, како што рече, нејзината храбра изјава дека треба да се предизвика или да се урне штитот на консензусот во процесот на евроинтеграциите.

Шефицата на државата одговарајќи на новинарско прашање за тоа што очекува од средбата, но и што таа и ќе порача на Фон дер Лајен, истакна оти верува дека ќе се разговара за Реформската агенда и за Планот за раст, но додаде дека тоа повеќе ќе биде во сферата на разговорите со Владата, но и за можни креативни решенија и предлози за носењето одлуки во ЕУ при прием на нови членки. 

-Верувам дека ќе зборуваме за реформската агенда и за Планот за раст, иако веројатно тоа е повеќе во сферата на разговорот со Владата. Се разбира јас очекувам по нејзината храбра изјава дека треба да се предизвика или да се урне штитот на консензусот, како нужен за исчекор за евроинтеграцијата, да чујам креативни предлози и решенија, а ние сме подготвени за дијалог, сме имале неформални дијалози. Ние предложивме и ќе предложиме излезни решенија, а вие набрзо ќе ја го дознаете содржината и суштината на дијалогот од денешната средба, рече Сиљановска Давкова по отворањето на настанот по повод 15 Октомври - Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.

Таа дополни дека е повеќе од јасно дека ставањето крај на консензусот може да се случи само со консензус, а во моментот него очигледно го нема. Посочи дека за ветото се борат помалите држави и најмногу оние од Централна и Источна Европа.

-Но и тука има различни пристапи, како оној што го чувме од претседателот на Словачка, кој и денеска е овде. Да тој е еден од поборниците на ветото и на консензусот, но вели дека никогаш и никаде не, доколку не се однесува на Копенхагенските критериуми, туку се однесува на обиди на употреба на статусот на членките на ЕУ за „ревизија на прашања од историјата, културата и јазикот“, рече претседателката.

Таа нагласи дека и денеска ќе го повтори тоа што и е живот, имајќи предвид дека предава и европско уставно право.

-Мислам дека членките на ЕУ се должни да ги почитуваат своите уставни документи, особено Лисабонскиот договор, јасна е во Преамбулата алинејата шест, која што вели дека ЕУ ќе ги почитува историјата, културата, јазикот на нациите и на државите, бидејќи е единство на различности, дека ќе ги почитува уставните структури на државите, се вели во членот четири, што е многу интресно и за размислување. Така ЕУ ќе остане најинспиративна, за нас се уште е, голем е процентот на приврзаниците, тоа е логично и ние секогаш не само географски, туку и историски, културно сме биле дел од ЕУ и нема ниту една логична причина да не бидеме и политички. Тоа веќе не е прашање на проширување, туку е прашање на безбедност, истакна Сиљановска Давкова.

Фон дер Лајен денеска ќе се сретна со Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши. 

ФОТО:МИА

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија