Од Грција до Хрватска: Кој е новиот пат на мигрантите?
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2015 08:50
Хрватските власти признаа дека во реонот на Дубровник е започната изградба на привремени бегалските кампови, кои ќе можат да прифатат меѓу 3000 и 5000 луѓе.
Новaта - "Јужна рута" повторно ќе тргнува од Грција, но овој пат ќе поминува преку Албанија, Црна Гора и ќе завршува до Хрватска. "Добивме информации дека бегалците ја дискутираат можноста поради лошото време, затворањето на границата со Унгарија и тензиите на границата меѓу Хрватска и Србија да започнат да го користат долниот дел на трасата", се вели во соопштението на регионалната управа во Дубровник.
Загребскиот весник "Јутарњи лист" пишува дека "Јужниот пат" ќе минува низ Албанија, Црна Гора и Хрватска, а бегалците ќе ги користат граничните премини Виталиј, Горни Бргат и Ново Село.
Како најзгодно место за прифаќање на бегалци е избран полуостровот Превлака, каде постои потребната инфраструктура и опрема, се вели уште во соопштението на регионалната управа во Дубровник.
Подготовките во Превлака се веќе започнати, бидејќи таму се очекуваат да пристигнат и првите мигранти по море. Во овој случај тие ќе бидат пречекани на пристаништето во Дубровник.
Неофицијално се споменува и најоддалечениот населен хрватски остров Ластово, каде има напуштена стара воена база. Ластово може да се претвори во хрватската Лампедуза, се вели во анализата на експертите.
Само за последните 10 дена од Србија во Хрватска пристигнаа над 65 000 луѓе. Вчера попладне заврши блокадата на границата меѓу двете држави, која беше воведена во ноќта меѓу неделата и понеделникот поради огромниот бегалска бран, кој го зафати Хрватска.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




