28 Септември, 2024
0.1556

Од кабинетот на Грковска во целост ги демантираат обвинувањата на Државната комисија за спречување на корупцијата за Мерко

Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Oд кабинетот на заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во целост ги демантираат и ги оценуваат како паушални и неосновани обвинувањата на Државната комисија за спречување на корупцијата, а кои се однесуваат за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

 
Во реакцијата се вели дека ДКСК предводена од претседателката Билјана Ивановска, во обид да ги оправда постапувањата или непостапувањата на ДКСК, се обидува надлежноста и одговорноста да ја префрли на други институции, без притоа да има предвид дали тие се надлежни или не за конретни случаи, а во тој контекст и со какви механизми располагаат.

 
„Во таа насока им предочуваме на членовите на ДКСК дека заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска, во согласност со овластувањето што го има од претседателот на Владата е задолжена за спроведување на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и други функционери избрани од Владата.Имајќи ја предвид поделбата на власта на локално и на централно ниво, вицепремиерката Грковска нема и не може да има надлежност врз функционер кој е избран на непосредни избори. Од тие причини, вицепремиерката Грковска во оваа насока може да даде само препораки во однос на почитување на принципите за добро владеење и ништо повеќе. За жал не е прв пат, Државната комисија за спречување на корупцијата до Кабинетот на вицепремиерката Грковска да доставува предмети за кои вицепремиерката нема надлежност, како што неодамна беше случајот со Агенција којашто за својата работа одговара пред Собранието. Истовремено ја потсетуваме ДКСК дека Кабинетот задолжен за политики за добро владеење не е истражен и обвинителски орган. Тоа значи дека сите случаи и информации кои пристигнуваат во Кабинетот се пренесуваат на надлежност на институциите кои според закон треба да постапуваат и да ги процесираат. Нагласуваме, членовите на Владата ниту можат, ниту смеат да ја преземат улогата на обвинителските и судските органи во државата. Факт е дека правосудните органи не испорачуваат задоволителни резултати во борбата со корупцијата, но тоа не значи дека треба да се наруши уставната поделба на власта, туку да се инсистира на доследни реформи и одговорност во нивните редови“, се вели во реакцијата. 


Велат дека овој состав на Државната комисија за спречување на корупцијата има поддршка од Владата, како ниту еден состав претходно, особено во јакнење на капацитетите. Додаваат дека само за потсетување, од 2017 година има зголемување на буџетот за 59 проценти. Во последните пет години бројот на вработени во Секретаријатот на Комисијата е двојно зголемен, додека во февруари 2021 година, со одлука на Владата обезбедени се нови просторни капацитети кои во целост ги исполнуваат нејзините потреби, а инсталирана е ИКТ опрема обезбедена во 2018 година.

Државната комисија за спречување на корупција на денешната прес-конференција пред медиумите потсети дека против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се најде на „црната листа“ на САД, е отворен предмет уште во мај 2019, но немало никаква реакција од Обвинителството. 

Истовремено, до Судскиот совет во 2019 како највисокот тело било пријавено дека Мерко влијаел во Основниот суд Струга да му се зголемува минимумот за јавни набавки во услови на блокирана сметка на општината. Основниот суд Струга со зголемување на минимумот во 2017 му овозможил на градоначалникот да купи скапо службено возило. Тоа било пријавено во Судскиот совет, но од таму таинствено „го изгубиле предметот“.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“