Добивај вести на Viber
Поради завршната фаза на изградба на плоштадот “Карпошово востание“ на локацијата помеѓу Камениот мост и црквата “Св. Димитрија“ кај поранешната зграда на Министерство за транспорт и врски, од денеска се врши пренасочување на пешачкото движење на потезите во двете насоки: Камени мост до црквата св. “Димитрија“, Камени мост до стара Чаршија и Камени мост до Банките. Ова времено преградување и пренасочување на пешачкото движење ќе трае од еден до два месеци.
Општина Центар апелира до граѓаните да се придржуваат на режимот на движење за да не би се создале несакани настани, со што би била загрозена нечија безбедност или би се успорувала динамиката на завршување на градежните работи.