ОД КОРОНА УШТЕ СЕ УМИРА ВО ЗЕМЈАВА: Денеска 17 починати, има 87 новозаразении
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2021 14:16
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19, и тоа Скопје – 26, Радовиш – 9, Куманово и Кратово – по 6, Прилеп – 5, Битола, Струмица, Кочани и Кичево – по 4, Неготино и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Охрид, Струга и Свети Николе – по 2,Кавадарци, Штип и Крива Паланка – по 1.
Регистрирани се 197 оздравени пациенти од: Скопје – 91, Прилеп – 25, Охрид – 14, Куманово – 12, Битола – 10, Велес – 7, Струга и Кавадарци – по 6, Штип и Гевгелија – по 4, Кочани, Кичево, Свети Николе и Виница – по 3, Струмица и Берово – по 2, Тетово и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 17 починати лица: 5 лица од Скопје ( 66 г, 71 г, 76 г, 79 г и 80 г ), 3 лица од Тетово ( 60 г, 70 г и 73 г), 2 лица од Куманово ( 73г и 82г ) и по 1 лице од Прилеп (58г), Штип (58г), Кичево (81г), Струмица (59г), Гостивар (47г), Ресен (80г) и Богданци (70г). Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 15 во болнички услови.
Направени се 2.953 тестови преку: ИЈЗ-325, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-81, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово – 32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–93, МАНУ-86, Жан Митрев (Филип Втори)-239, Авицена-296, Биотек-315, Систина-260, лабораторија Лаор-379, Синлаб-41, Ремедика-58, Плодност–47, Генеа–8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 540.
Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68323, активни 1241
Куманово 8789, активни 294
Прилеп 8277, активни 139
Тетово 7196, активни 114
Битола 6275, активни 208
Велес 5463, активни 79
Гостивар 5161, активни 56
Кавадарци 5149, активни 43
Охрид 4991, активни 191
Штип 4956, активни 63
Струмица 4105, активни 90
Струга 2974, активни 70
Кочани 2780, активни 53
Кичево 2544, активни 81
Гевгелија 2190, активни 29
Неготино 2182, активни 24
Свети Николе 1521, активни 41
Ресен 1233, активни 40
Крива Паланка 1219, активни 8
Радовиш 1149, активни 67
Берово 1027, активни 6
Делчево 970, активни 30
Дебар 938, активни 5
Виница 874, активни 55
Пробиштип 789, активни 16
Валандово 665, активни 6
Богданци 493, активни 6
Крушево 488, активни 22
Демир Хисар 397, активни 21
Демир Капија 396, активни 2
Кратово 373, активни 21
Македонски Брод 358, активни 3
Пехчево 267, активни 2
Македонска Каменица 247, активни 17
Дојран 132, активни 0
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





