29 Септември, 2024
0.0294

Од Куба преку Македонија до Шпанија: Сведоштво на Кубанец за животот во сиромаштија и емиграцијата

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Сѐ почесто во полициските билтени читаме за Кубанци кои нелегално влегуваат во Македонија. Кубанeц со шпански корени кој наскоро ќе ја напушти земјата, во разговор за Фактор вели дека сиромаштијата и корупцијата ги принудуваат да заминуваат во Европа. Неговото семејство во минатото од Шпанија се преселило во Куба, а сега пак се враќаат назад за подобра иднина. Овој човек раскажа со какви предизвици се соочуваат Кубанците во обидот да заминат, но сака да остане анонимен, затоа што се плаши од последици и вели дека во крајна линија може да биде прогласен за персона нон грата.

Неговите сонародници патуваат низ различни земји, по различни рути. Кубанците најчесто одат во САД или Шпанија, при што или ги повлекуваат своите блиски или им праќаат пари за да можат да живеат во Куба. Вели дека економската ситуација со години е тешка. Квалификуваните кадри заработуваат мали плати, а доколку се одлучат за сопствен бизнис, мали се шансите дека ќе успеат.

„Кубанците бараат да заминат одовде затоа што има глад, човековите права се прекршени, централизираната економија не дозволува Кубанците да се обврзат да ја избегнат конкуренцијата од приватниот сектор кон државните компании. Да работите во Куба е  како да сте роб затоа што платата е доволна само за лоша исхрана. Понатаму, откако Кубанец ќе дипломира на Универзитет, тој почнува да работи и ја зема својата плата, и сфаќа дека изгубил 6 години во студирање на Универзитетот, затоа што неговата диплома само ќе генерира сиромаштија. Ако реши да се обиде да најде економска егзистенција како претприемач и добива лиценца за основање мал бизнис со пари позајмени од роднини, соседи или пријатели, повторно се обидува, но по кратко време сфаќа дека сите суровини или залихи за неговиот бизнис ги нема на островот и мора да оди во странство по нив или да ги бара на „црниот“ пазар“, вели нашиот 34 годишен соговорник од Куба. 

Оние кои земаат минимални плати и пензии, парите најчесто ги трошат за купување на овошје и зеленчук. Додава дека на крајот младите Кубанци сфаќаат дека од чесна работа нема да можат да живеат достоинствено, и бараат опции за заминување. Вели дека земјите кои нудат бесплатни визи за нив се бројат на прсти, и тоа се претежно државите кои претходно му припаѓале на Советскиот Сојуз, но таму не можат да се снајдат бидејќи не го познаваат јазикот.

„Кубанецот што емигрира треба да заработи добри пари за да испраќа месечно на своето семејство, па дури и да купи лекови за своите соседи во Куба, така што ова им успева само во земјите од Европа или Соединетите Американски Држави, додека другите земји генерално се транзитни за да се стигне до крајната дестинација. Во Европа, непосредна цел на Кубанецот е Шпанија, бидејќи со поминување една година нелегално во таа земја тој веќе добива дозвола за престој и работна дозвола и по три години максимум веќе станал шпански државјанин со законот за културни корени. Шпанија им нуди на странците да добијат државјанство, Шпанија е мајка на нашиот заеднички јазик и култура, го олеснува престојот за секого, исто така да додадам дека во Шпанија никој не е депортиран поради движење на шпанско тло без виза или документи. Оние кои нема да успеат да стигнат до Шпанија можат да добијат политички азил во други земји“, додава нашиот соговорник.

Вели дека дури се случувало кубански граѓани да станат државјани на Шпанија, а потоа оттаму во потрага по работа да заминат во САД или Канада.

„САД имаат посебен закон за Кубанците наречен (Cuban Adjustment Law) кој им дозволува на Кубанците да добијат таканаречена зелена карта откако ќе поминат една година и еден ден на американско тло. Тоа е еден вид посебен и единствен политички азил за Кубанците и затоа многу Кубанци си ги ризикуваат животите фрлајќи се во море“, раскажува Кубанецот.

Во одредени продавници во родната Куба можат да купуваат само со девизи и тоа за нив е хендикеп, а се случувало повремено дел од производите да имаат повисоки цени од оние во ЕУ.  Вели дека Куба веќе е земја на стари луѓе, бидејќи младите бегаат. Иако се смета дека има 2 милиони Кубанци надвор од земјата, според него, таа бројка е двојно поголема. Нашиот соговорник е категоричен дека сите ја гледаат Куба како тропски рај, но во медиумите ширум светот многу малку се зборува за нивните економски проблеми. Лани во јули имаше големи антивладини протести во Куба. Луѓето се бунтуваа поради економијата, немањето лекови и справувањето со пандемијата. Очевидците оцениле дека се одржале најголемите демонстрации во земјата од август 1994 година.

На социјалните мрежи има повеќе групи каде Кубанците си нудат помош, корисни информации за мигрирање, или се консултираат на кој начин да уплатат пари за своите семејства во Куба.

Лани македонската полиција откри 410 мигранти од Куба за периодот од јануари до октомври, а од почетокот на годината се регистрирани најмалку 17 Кубанци кои сакале преку нашата земја да стасаат во земја членка на ЕУ.

Сања Атанасовска

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“