Од молчење до насилно исфрлање, какви се блокади досега имал Парламентот
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017 09:23
Пратенички игри на нерви. Конститутивната седница на Парламентот одвај почна, но крајот никако не и се гледа. Во инвентивноста за одолговлекување на седницата овој пат „Златната малина“ и припадна на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците од оваа партија смислија начин како да го оддолжат изборот на претседател на Собранието, па почнаа меѓу себе да си упатуваат реплики и контрареплики.
Петте работни часа во Собранието вчера беа потрошени на реплики на завчерашнатадискусија на Илија Димовски, главно од неговите сопартијци.
На социјалните
мрежи вриеше од коментари и досетки, а еден од нив беше и дека:
„Прв пат слушам реплика да почне со зборовите „се
согласувам со вас“.
Еден медиум „улови“ и пишан говор на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, кој само треба
да го прочита од говорницата со цел да одземе време.
СДСМ обвини дека тоа што го прави партијата на Никола Груевски е опструкција на изборот на новиот спикер на Собранието. Трајко Вељаноски, кој сега е во улога на претседавач, речиси никој од говорниците не опоменува запромашување на темата и вели дека се е по Деловникот.
Расправата продолжува денеска, аза реплики на Димовски се пријавени уштедесет пратеници од неговата партија. Потоа треба да добијат збор 50-тинапратеници од ВМРО ДПМНЕ и седум од другите партии.
За претседател на Парламентот е предложен пратеникот од ДУИ, Талат Џафери, но кога ќе дојде на дневен ред неговиот избор, засега не може да се предвиди.
Најдолгата седница траела 10 дена
Според статистиката на Собранието, досегашниот рекорд за најдолга седница го држи седница одржана во 2013 година, која траела 10 дена или 56 часа и 30 минути. А, најкратката завршила за само 10 минути.
Пратениците постојано наоѓаат начини како да најдат „дупка“ во Деловникот на Парламентот и да ја опструираат работата на институцијата. Па така, низ годините имаше блокада со молчење, па се до насилно исфрлање на пратениците од опозицијата.
„Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече“, овие стихови од Ацо Шопов беа прочитани од пратеникот Талат Џафери во 2012 година на собраниска комисија, со кои најави дека правото на глас ќе го користи со молчење. Ставот на ДУИ беше дека ќе ја блокираат комисијата до бескрај со цел да не дозволат Законот за бранители да стигне на собраниска седница.
Но, за разлика од овие миротворни услови за работа, она што засекогаш ќе остави црна дамка на храмот на демократијата е т.н. „црн понеделник“, кога на 24 декември 2012 година, пратениците од опозицијата беа влечени, туркани и насила отстранети од салата со цел владејачкото мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ да го донесе Буџетот на државата.
Ј.М.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




