Oд МТСП се јавија со реакција откако Атиџе Муратова се пожали дека стравува за својот живот
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2020
Атиџе Муратова, хероината од документарниот филм „Медена земја“ вчера преку медиумите се пожали дека се плаши за својот живот затоа што има проблеми со насилен сосед, се јавија од Министерството за труд и социјална политика.
Оттаму велат дека ја следат состојбата.
„Атиџе Муратова е во системот за социјална заштита како корисник на права од Законот за социјална заштита. Во однос на настанот кој е предмет на ваш интерес, тој не е во надлежност на МТСП. Во однос на социјалните права на Атиџе Муратова, Центарот за социјална работа во Свети Николе ја следи состојбата и превзема конкретни мерки“, велат од МТСП.
Муратова со години имала проблем со соседот, и повеќе пати го пријавувала во полиција по што тој бил опоменуван.Неодамна тој урнал ѕид за да избега кравата на Муратова, но откако таа го прашала зошто го прави тоа, тој се однесувал агресивно.
Таа стравува дека некој ден ќе ја убие.
Филмот „Медена земја“ беше номиниран за Оскар.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.