Од недела стартува зимското сметање на времето
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2016
Од недела започнува зимското сметање на времето.
Летното сметање на времето завршува на 30 октомври во 3 часот, така што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час наназад, со што ќе биде 2 часот и ќе почне зимското сметање на времето, информираат од Министерството за финансии.
Одлуката за завршување на летното сметање на времето е објавена во „Службен весник“.
Согласно воспоставените правила, зимското сметање на времето почнува во последната недела од октомври. Со тоа ќе спиеме еден час подолго. Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот наредниот викенд.