Од новиот закон за пензии нема да се офајдат ниту пензионерите ниту фондот!
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2013 08:20
„Сметам дека во новиот Закон нема такви решенија, освен што се намали заменската стапка и тоа веднаш со примена од 1 јануари годинава. Од друга страна веќе се предлагаат измени на тој закон во делот на усогласување на пензиите, каде што се зголемуваат, но тоа е само за 2013 година, и тоа најверојатно поради тоа што ова е изборна година. Според мене во пензискиот систем денес не се води една систематична и доследна долгорочна година за стабилизирање на системот, а тој секако дека и понатаму треба да се реформира, односно да се прилагодува на настанатите состојби преизвикани од финансиската и економската криза како и од демографските промени. Но, за жал кај нас во законските решенија многу има влијание политиката, особено ако се работи за изборна година како оваа. Иако тоа не треба да се прави бидејќи треба да се почитува еднаквоста и праведноста за сите генерации пензионери, а не само за сегашните, вели Зорица Апостолска, поранешен директор на МАПАС.
Пензијата за идните пензионери ќе се пресметува на пониска основица
Носењето на измените во законот за пензиско и инвалидско осигурување предизвика лавина реакции, но само меѓу пратениците во Парламентот. За засегните граѓани остана нејасно што ќе значат новите измени, бидејќи Власта вниманието им го отргна со најава за зголемување на пензиите во 2013 година за околу 5 отсто, иако уште на старт со самото намалување на процентот за пресметување на основицата, логично е и висината на пензии да биде намалена.
Законот стапи на сила од почетокот на месецот, а новите измени предвидуваат намалување на процентот за пресметување на основицата за пензија од 1,8 проценти на 1,6 проценти. Измените важат за оние, кои од годинава па натаму ќе одат во пензија. Најмногу ќе бидат погодени граѓаните кои се само во државниот пензиски фонд, а според анализите пензиите ќе бидат со намален износ особено за оние со помал работен стаж, кои подоцна ќе одат во пензија, за разлика од оние кои од оваа, или пак во следните неколку години, ќе заминат во пензија.
„Ова значи дека пензиите секако ќе бидат со намален износ,особено за тие со помал стаж. Моја голема забелешка за овие измени е тоа што не и се објасни на јавноста дека реално ќе има намалување, дури и настана конфузија кај лицата кои можеа, а не мораа да се пензионираат, како е најсоодветно да постапат. За таква суштинска промена која влијае на износот на пензијата, креаторите на таа политика имаа обврска да дадат објаснување во јавноста. Ако се земе во предвид претходното намалување на стапката на придонесот за пензиско осигурување од 21,2 проценти на 18 проценти, разбирливо е дека заменската стапка треба да се прилагоди на тоа ниво. Но, кога се намалуваше стапката на придонесот, Владата како предлагач требаше да предупреди, односно да каже јавно дека тоа намалување скоро ќе доведе до последователно намалување на заменската стапка заради догорочната одржливост на пензискиот систем. Еве, веќе тоа се случи, а претходната Владина мерка со намалување на придонесот за да помогне на бизнис заедницата, не е фер да ја решава преку плеќите на работниците кои овие последици ќе ги трпат како идни пензионери кои ќе земаат пензија со намалена заменска стапка. За таква суштинска промена која влијае на износот на пензијата, креаторите на таа политика имаа обврска да им објаснат на граѓаните како ќе влијаат тие измени, а воедно можеа да ја објаснат и потребата од таквата измена“, објаснува Апостолска
Во последните три години, Владата, дефицитот што се јавува во ФПИОМ, редовно го доплаќа, што пак повторно индиректно е на товар на идните пензионери и осигуренци, кои на крајот ќе ја платат цената за покривањето на недостигот во фондовите.
Опозицијата тврди за 5 отсто, Власта дека пензиите ќе се намалат за 0,2 отсто годишно
Пратениците од опозицијата и во периодот кога се носеше законот но и сега тврдат дека според нивните пресметки, пензиите на идните пензионери ќе бидат пониски од 500 до 2.000 денари
- Допрва граѓаните ќе видат за каков закон станува збор. Со ваквите измени е ускратено уште едно право на граѓаните. Владата се фали дека пензиите ќе се зголемуваат, а всушност во старт се намалува основицата за пресметување на пензиите - вели Цветанка Иванова, пратеник од СДСМ
Од Министерството за труд и социјална политика, уште кога го носеа законот признаа дека намалување на пензиите ќе има, но дека тоа ќе биде минимално. Според нивните пресметки намалувањето ќе биде максимум 300 денари во 2020 година, односно 0,2 отсто годишно.
Новиот закон ќе ги погоди и осигурениците во вториот столб
Новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување, предвидува и намалување на пензиите за оние кои се влезени во вториот приватен столб. Кај нив тоа е поради, намалувањето на процентот на пари што се префрлаат во приватните фондови. Ако порано за вториот столб се одвојуваше 6,3 отсто од бруто платата, сега процентот е намален на 6 отсто.
- Во поглед на утврдување на фиксниот износ на дел од процентот кај стапката на придонес за пензиско осигурување, усвоено е решение за вториот столб да се одвојува 6 отсто од бруто платата. Порано се одвојуваа 7 отсто, што придонесе доброволно да се зачленат околу 60.000 лица. Токму од тие причини не би требало да се менува тој процент кој секако влијае врз намалување на идната пензија. Затоа после сите промени и намалувања што се правеа на процентот за вториот столб во последните три години, би требало да се врати првобитното решение, односно да се издвојува 7 отсто, заради влијанието врз пензијата, но и заради задржување на довербата на луѓето во реформираниот систем, вели Апостолска
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





