ОД ОВА СЕ ПЛАШАТ ЛУЃЕТО: Кои се двете најголеми закани за светот?
Објавено во: Свет 02 Август, 2017
Исламската држава (ИД) и климатските промени се најсериозните глобални закани со кои се соочува човештвото, покажува анкетата PewGlobal.org направена во 38 држави.
Џихадистите на ИД се сметаат за светски број еден непријател за анкетираните во 18 држави, вклучувајќи ги и во САД, Германија, Франција и Австралија.
Климатските промени се најголема закана во 13 земји, меѓу кои и Канада, Јужна Африка и голем број земји од Латинска Америка.
Меѓутоа, процентот е на двете закани речиси скоро е еквивалентен – околу 62% од испитаниците сметаат дека ИД е најопасен проблем додека за глобално затоплување се изјасниле – 61%.
Други закани ги вклучуваат сајбер нападите (51%), глобални економски шокови (51%) и бегалска криза (39%). Скоро една третина од анкетираните се загрижени за силата и влијанието на САД, а приближно за истото учество се размислува за Русија и Кина.
Анкетата покажа дека постарите луѓе повеќе се плашат од ИД.
Истражувањето ги сумираше мислењата на скоро 42.000 луѓе.